• Latest
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Десната рака на Орбан: Унгарија немаше да се бори со Русите ако ја нападнеа

September 27, 2024

Камала Харис: Можно е повторно да се кандидирам за претседателка на САД

October 25, 2025

Религијата како оружје

October 25, 2025

Урсула фон дер Лајен: ЕУ развива план за намалување на зависноста од критични суровини од Кина

October 25, 2025

Турција најверојатно ќе биде исклучена од планот за стабилизација на Газа по противењето на Израел

October 25, 2025
Фото: Х

Литванија ги затвори аеродромите и граничните премини со Белорусија поради временските балони

October 25, 2025

Злокобниот упад од 18 секунди и долгата сенка на руската хибридна војна против Европа

October 25, 2025

САД воведоа санкции врз колумбискиот претседател Густаво Петро и членовите на неговото семејство

October 25, 2025

Најмалку еден загинат, а 10 се повредени во руски балистички ракетен напад врз Кијив

October 25, 2025

Објава на Захарова на Телеграм, некритички пренесена во македонски медиум: класичен пример на пропаганда и историски ревизионизам

October 25, 2025

ОН и светските лидери обединети во борбата против сајбер криминалот – потпишана Ханојската конвенција

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Десната рака на Орбан: Унгарија немаше да се бори со Русите ако ја нападнеа

September 27, 2024 12:45
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА, СВЕТ
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

Балаш Орбан, политичкиот директор на неговиот истоименик, унгарскиот премиер Виктор Орбан, беше гостин во подкаст во средата каде што зборуваше за самоодбраната на Украина од руската агресија, каде што изјави дека доколку беше во кожата на Украина, Будимпешта немаше да се бори со Русите.

Како што пренесува Политико, Балаш Орбан, политичкиот директор на неговиот истоименик (но без роднинска врска со него), како гостин во подкаст во средата зборуваше за самоодбраната на Украина од руската агресија.

„Секоја земја има право да одлучува за својата судбина, а лидерите ја преземаат одговорноста“, рече Орбан. Како и да е, тој додаде дека доколку истата ситуација се случеше со Унгарија, тие немаше да се зафатат со борбата против агресорите – лекција научена од неуспешното возвраќање на Унгарија против Русите во 1956 година.

„Веројатно немаше да го направиме она што го направи претседателот Зеленски пред две и пол години, бидејќи тоа е неодговорно“, рече политичкиот директор. „Затоа што очигледно ја стави својата земја во воена одбрана, сите овие луѓе загинаа, целата територија беше изгубена – повторно, тоа е нивно право, тоа е нивна суверена одлука, тие имаа право да го направат тоа. Но, ако нѐ прашаа, немаше да го советуваме“.

Опозициските политичари веќе го повикаа политичкиот директор да поднесе оставка, вклучително и лидерот на централнодесничарската партија Тиса, европратеникот Петер Маџар:

„Со овие зборови Балаш Орбан го понижи споменот на илјадници унгарски борци за слобода, од кои стотици – за разлика од Балаш Орбан – беа подготвени да ги жртвуваат своите животи за слободата и независноста на својата земја.

Лидерот на централно-левичарската Демократска коалиција, екс-премиерот Ференц Ѓурчани, во објава на Фејсбук напиша:

„Владата на Орбан ќе им ја предаде Унгарија на Русите без борба“.

Повикувајќи се на овој историски пример, Орбан допре до чувствителна точка во унгарската историја: октомври 1956 година, кога избувна револуција против тоталитарниот комунистички режим, барајќи демократизација и излез од Варшавскиот пакт. Но, за помалку од три недели, советските трупи ја нападнаа земјата, а борбата за слобода остави 2.700 мртви и 20.000 ранети; 176.000 луѓе ја напуштија земјата со помалку од 10 милиони жители откако беше изгубена борбата.

Покрај тоа, новиот комунистички режим кој владееше со Унгарија уште 33 години по советската инвазија егзекутираше 229 цивили, вклучувајќи го и премиерот за време на револуцијата, Имре Наѓ.

Според Балаш Орбан, лекцијата од ова поглавје од историјата е:

„Тука мора да бидеме внимателни и мора да бидеме внимателни со многу скапоцени унгарски животи. Не можете едноставно да ги фрлите пред другите“.

По возвратот, Балаш Орбан ја бранеше својата изјава, велејќи дека „позицијата на Унгарија е јасна: не гледаме смисла во украинско-руската војна“ во која стотици илјади луѓе загинаа „за ништо“.

На социјалните мрежи и во коментарите на самиот подкаст, изјавата на Балаш предизвика лавина од, речиси без исклучок, негативни коментари, кои го прогласија Балаш за предавник, руски агент, кој се грижи за интересите на Русија, дека е сомнителен, дека го погазува споменот на илјадници Унгарци кои се бореа во 1956, еден дури напиша дека иако не сакал до сега, но сега, по изјавата на Балаш, дефинитивно ќе демонстрира пред улица Кунигунд(националниот сервис МТВА) на 5 октомври.

Воопшто не зачудува ваквиот став на Балаш Орбан, десната рака на унгарскиот премиер Виктор Орбан кој се смета за единствен сојузник на рускиот претседател Владимир Путин во ЕУ. Виктор Орбан, кој се наоѓа во официјална посета на Северна Македонија, на која и одобри заем од 500,000 евра, активно се залага против потезите на ЕУ за воведување санкции кон Москва, а Унгарија е единствената земја што се противи на испорака на оружје за Украина, објави Цивил Медиа во анализата „Што не е во ред со Унгарија? Орбан тргнува во фронтален напад против ЕУ и Украина“, во која се нотира дека од почетокот на целосната инвазија на Украина, Унгарија постојано ги стопираше санкциите против Русија и помошта за Кијив. Орбан предходно се спротивставуваш на финансиската помош на Еу за Украина, и се заканува дека ќе го блокира членството на Кијив во ЕУ.

 Драган Мишев

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Орбан Балашполитичкиот директорУнгарија
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ