• Latest

Десничарската српската опозиција го осуди гласањето на Србија за резолуцијата на ОН за Русија

March 3, 2022

24 ЧАСА: Рускиот амбасадор осуетен да ја присвои функцијата „декан на дипломатскиот кор“ во земјава; уапсен убиецот на Чарли Кирк; кандидат за градоначалник на Скопје трча кон Москва

September 12, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN

Велика Британија го отпушти амбасадорот во САД, Питер Манделсон, поради врски со Епштајн

September 12, 2025
фото: скриншот Х

Уапсен осомничениот за убиството на Чарли Кирк

September 12, 2025

Најчесто поставувани прашања поврзани со практични аспекти на изборниот мониторинг на ЦИВИЛ (1)

September 12, 2025

Јаневска и Мицкоски со кратки нозе

September 12, 2025

САД го суспендираат планираниот стратешки дијалог со Косово поради активностите на привремената влада

September 12, 2025

Жестока реторика и меѓусебни обвинувања: Се заоструваат изборните судири меѓу партиите на Албанците во Чаир и Тетово

September 12, 2025
Фото: Скриншот од видео на ONT TV Channel

Белорусија и Русија започнаа заеднички воени вежби „Запад-2025“, по маневрите во 2021 започна целосна инвазија на Украина 

September 12, 2025

Амет: Ромите не се проблемот на Скопје, туку дел од решението и промените што треба заедно да ги донесеме

September 12, 2025
ОЈО/ Фото Б. Ј., ЦИВИЛ

Обвинителство за Онкологија 2: Васев и Нухи не постапувале во интерес на пациентите, туку во свој личен и интерес на приватни компании

September 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Десничарската српската опозиција го осуди гласањето на Србија за резолуцијата на ОН за Русија

March 3, 2022 13:27
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Дел од продесничарската опозиција во Србија, партијата Заветници, како и лидерите на Двери, Демократската партија на Србија (ДСС), Народното слободарско движење и движењето Ослобоѓење, Бошко Обрадовиќ, Милош Јовановиќ, Мирослав Паровиќ и Млаѓан Ѓорѓевиќ, во текот на изборната кампања, го осудија гласањето на властите во Србија за резолуцијата на ОН со која се осудува руската инвазија на Украина, јави дописникот на МИА од Белград.

Српското движење Двери го оцени како „непријателски чин“ тоа што Србија во Обединетите нации гласаше за резолуција против Русија.

-Владата во Србија де факто покажа дека е на страната на НАТО пактот, што е очигледен чин на предавство на српските национални и државни интереси, изјави лидерот на тоа движење Бошко Обрадовиќ, додавајќи дека НАТО предизвикува воени конфликти во светот.

Обрадовиќ, кој е и претседателески кандидат на Двери, порача дека Србија по смената на „власта на Вучиќ“ никогаш нема да работи против Русија, бидејќи тие се „пријателски и сојузнички“ земји.

Претседателот на Демократската партија на Србија, Милош Јовановиќ, кој е претседателски кандидат на коалицијата Национало-демократска алтернатива (НАДА), изјави дека Вучиќ ги загрозува виталните национални интереси на Србија и дека владата фрлила „страшна дамка на лицето на државата“.

-Со оваа недостојно приклонување кон НАТО и западниот свет, актуелната српска власт покажа дека сите приказни за постоење на национална амбиција, суверено одлучување, независност на земјата и одлучноста и храброста на нејзиното раководство се мртва буква на хартија и мизерна политичка пропаганда, кажа Јовановиќ.

Српската партија Заветници соопшти дека ваквиот потег е доказ дека власта подлегнала на притисокот на САД и нивните сојузници и дека постои оправдано сомневање дека следен чекор е воведување санкции кон Руската Федерација.

Движењето „Ослобоѓење“ оцени дека тоа е срам за Србија, додавајќи дека е невистинито тврдењето на претседателот на Србија, Александар Вучиќ дека „можно е протерување на Русија од Обединетите нации“.

Претседателот на Народното слободарско движење Мирослав Паровиќ изјави дека причината зошто Вучиќ наместо да се воздржи од гласањето одлучил Србија да гласа против Русија е тоа што тој е „свесен дека САД и Европската унија ќе го покренат прашањето за личниот криминал и поврзаноста со големата корупција, со кои Србија е оштетена за неколку милијарди евра“.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Зависна независност

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ