Руска граната погоди приватна куќа во градот Дерхачи, регионот Харков, при што загина 15 годишно девојче, објави на Фејсбук Серхи Болвинов, шеф на истражниот оддел на полицијата на регионот Харков, пренесува Укринформ.
„Како резултат на гранатирањето од страна на Русистите, едно дете родено во 2007 година беше убиено. Дарина отиде во друга соба да земе играчки за малите деца, а во тој момент граната ја погоди нивната зграда во Дерхачи“, се вели во соопштението.
Според Болвинов, родителите и уште две деца кои биле во куќата не се повредени.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, на Telegram објави дека едно лице загина, а шестмина се повредени откако остатоци од ракета паднале на пат во киевскиот кварт Куренивка.
„Непријателот денеска го нападна Киев. Рано утрото граната погоди деветкатна станбена зграда во Оболон. Според ажурираните податоци, едно лице загина, а десет се повредени. Околу 70 жители се евакуирани од куќата“, рече тој.
Според Кличко, неодамна остатоци од ракета паднале на пат во Куренивка. Едно лице загина, а шест се повредени. Брза помош хоспитализираше две лица.
„Тролејбусот, кој беше без патници, е целосно уништен. Издувани се прозорците, оштетени се балконите на околните куќи и стопанските простории на приземјето. На лице место работат спасувачи и екипи на брзата помош“, рече тој.
Д.М.