• Latest

Дежа ву на политичката предизборна сцена

February 14, 2020

Денот по Денот на мирот

September 22, 2026
Фото: crimea-platform.org

Крим под руска окупација: Политички прогон, милитаризација на децата и борба за деокупација во фокусот на самитот во Њујорк

September 22, 2026
Сања Божиновска (фото: https://energy.gov.mk)

Божиновска бара извинување и најавува суд, СДСМ бара истрага за набавката на броила

September 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – до 2 октомври

September 22, 2026
Христијан Мицкоски, Њујорк, 21 септември 2026 (скриншот, видео)

Мицкоски од Њујорк: Остануваме на европскиот пат, нејасно со кои конкретни чекори

September 22, 2026

На Меѓународниот ден на мирот, рускиот агресор продолжи со терор: Во Запорижја оштетени станбени згради, трговски центар и универзитет

September 21, 2026

ЦИВИЛ: Мирот никогаш не смее да стане синоним за предавање

September 21, 2026
Кампања на ЦДУ (Wikipedia)

Изборен земјотрес во Мекленбург-Западна Померанија: Алтернатива за Германија прва, социјалдемократите втори, демохристијаните надвор од парламентот

September 21, 2026

Рускиот агресор предизвикува хуманитарна катастрофа во окупираниот дел на Херсонската област, цивили се таргетираат со FPV-дронови

September 20, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Кога се краде како да нема утре, а власта се освојува и одржува со страв, стап и морков

September 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

Дежа ву на политичката предизборна сцена

За ВМРО-ДПМНЕ и неговите технички министри, ништо не значи тоа што некој апелира, бара, инсистира да не се малтретира ДИК со беспредметни барања и да се остави во рамките на своите ингеренции, а и ресурси, какви-такви, да работи тоа што ѝ е работа.

February 14, 2020 19:32
in ВЕСТИ, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска, на сета мака со Законот за Јавно обвинителство, за кој на собраниска говорница се изнесуваа транспаренти, лажни Луј Витон чанти, се употребуваа закачки, демек, во контекст на Свети Валентин, па и на сметка на Свети Трифун, се слушаа разни обвинувања, реплики и контра реплики…. некако остана во сенка седницата на Државната изборна комисија…

И оваа седница на ДИК повторно беше во знак на решавање за упатените барања од министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи. И тоа во момент кога во Собранието се очекува седница за нејзино разрешување. Седницата беше најавена во 15 часот, но можно е да започне дури утре со оглед на одолговлекувањето на гласањето за Законот за ЈО. Но, како и да е, само часови ја делат Мизрахи од нејзиното отпуштање од работното место техничка министерка.

Што барала Мизрахи и што одлучила ДИК, во овој контекст е помалку важно од кочењето на работата на ДИК, бидејќи нема многу време за подготовки, иако целиот изборен процес се одложи од 12 на 16 февруари, кога се очекува распуштање на Собранието. Четири дена не значат ништо во споредба со обемот на работата на ДИК во овој период.

Она што е битно е всушност ставено во втор план: колку ќе ги чини изборите ваквата техничка Влада, ваквиот начин на однесување на политичките субјекти директно инволвирани во процесот и дали воопшто некому таму му е грижа за граѓаните… Очигледно не. Законот за ЈО е доказ за тоа. Наместо конструктивна дебата, процедурални препукувања и мајтапирања.

Од друга страна, Оливер Деркоски, претседателот на ДИК гарантира дека тие се спремни за изборниот процес. Наспрема сите опструкции и безобразно искористување (злоупотреби) на Законот за Влада што ги прават техничките министри.

Чисто информативно, ДИК не е надлежна да одлучува по петте поднесени барања на Мизрахи.

„Ние немаме надлежност да ја цениме законитоста на содржината на самите донесени акти од страна на министерот. Начинот на работа на секое министерство поединечно е уредено во посебни материјални закони за кое ДИК не е надлежно да постапува и носи одлуки. Согласно на наведеното сметам дека ова решение, не е и не може да биде акт што се однесува на организација на изборите“, изјави Елизабета Постоловска, членка на ДИК.

Појасно здравје. Ама за ВМРО-ДПМНЕ и неговите технички министри, ништо не значи тоа што некој апелира, бара, инсистира да не се малтретира ДИК со беспредметни барања и да се остави во рамките на своите ингеренции, а и ресурси, какви-такви, да работи тоа што ѝ е работа.

Можеби звучи како дежа ву, но тоа што предизборно се водат „крвави“ битки без најмалку осет, ни покажува дека уште си го влечеме политичкото минато како партал. Очигледно, степенот на политичка култура и што точно значат фер и демократски избори уште кај голем дел од политичкиот корпус е на ниво на неандерталци.

Биљана Јордановска

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ