Центарот за спротивставување на дезинформации при Советот за национална безбедност и одбрана објави на Телеграм нов преглед на руски дезинформации, како и лажни и манипулативни извештаи раширени од непријателот на 28 мај, пренесува Укринформ.
Рускиот амбасадор во Соединетите Држави, Антонов, изјави дека „снабдувањето со повеќе ракетни фрлачи на Украина може да го ескалира конфликтот, бидејќи постои ризик такви средства да бидат распоредени во близина на границите на Русија и Украинците да можат да извршат напади врз руските градови“. Ова е манипулација, велат од Центарот.
Дополнително, манипулативна е изјавата на рускиот претседател Владимир Путин до Емануел Макрон и Олаф Шолц дека недостигот на храна е резултат на погрешна политика и антируски санкции од страна на Западот.
Тензиите на пазарот на храна може да се решат со испораки од Русија, но ова, се разбира, бара укинување на санкциите, изјави Путин.
Центарот за борба против дезинформации објави и за дезинформациите што ги шират непријателските пропагандни канали. Руските медиуми објавија дека „во Украина, американските биотехнолози и фармацевти активно го обновуваат видот на сипаници. Во исто време, американските инструктори обучија украински специјалисти за итен одговор на појава на големи сипаници. ”
Исто така, руската пропаганда ширела по социјалните мрежи лажен извештај за наводните украински корени на полскиот претседател Анджеј Дуда. Лажните тврдења дека полскиот водач е внук на Михаило Дуда, украински националист и командант на Украинската бунтовничка армија (УПА), кој се борел со Полјаците и учествувал во контроверзните настани на Волинија уште во 1943 година.
Подготви: Д.Мишев