На социјалната мрежа Твитер, профилот Ферхунде шири дезинформација дека покрај системот на ФЗО, наводно бил хакиран и системот на Управата за водење на матична евиденција.
Читателите на ЦИВИЛ Медиа нѝ доставија доказ дека сепак системот работи и не е хакиран, односно дека се работи за дезинформација.
Ваквите дезинформации имаат за цел да ги поткопаат и да ги стават под сомневање сите демократски вредности на кои е изградено нашето општество. Демократскиот свет е под постојан напад од пропагандни центри чија цел е да внесуваат страв и несигурност кај населението, да ги поткопуваат демократиите и на нечесен, манипулативен начин, на штета на јавниот интерес и добробитот на граѓаните, да шират пропаганда во корист на опозицијата или други центри на моќ.
Мониторинг тим на ЦИВИЛ