• Latest

Дезинформација е дека осудени полицајци нема да се бркаат од работа

July 30, 2025

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026
Насер Селмани

Случајот Селмани пред Уставниот суд: Јавна расправа за слободата на изразување

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДИСКУРС

Дезинформација е дека осудени полицајци нема да се бркаат од работа

July 30, 2025 10:48
in ВЕСТИ, ДИСКУРС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Квалификациите дека со измените се дозволува „осудени полицајци да останат на работа“ се неосновани, непрофесионални и ја дезинформираат јавноста, без да го земат предвид законскиот контекст и усогласеноста на прописите, велат од МВР во врска со написите објавени на некои портали поврзани со измените на Законот за полиција со тврдења дека полицаец осуден за кривични дела нема да се отстрани од работа.

Министерството за внатрешни работи најостро ги отфрла неточните и тенденциозни наводи и ја информира јавноста за следново:

Бришењето на членот 119 од Законот за полиција, кој досега го регулираше престанокот на работен однос на полициски службеници по правосилна пресуда, не значи укинување на санкционирањето, туку усогласување со новиот Закон за внатрешни работи и генералната регулатива од Законот за работни односи.

Имено:

– Предметната материја сега е регулирана во член 154 од новиот Закон за внатрешни работи, кој се однесува на сите вработени во Министерството, вклучително и на полициските службеници.

– Дополнително, член 154 од ЗВР е во целост усогласен со член 99 од Законот за работни односи, кој го регулира прашањето на отказ поради правосилна судска одлука, изречена забрана, безбедносна мерка или казна затвор подолга од шест месеци.

Со ова, додаваат од МВР, не само што не се укинува одговорноста, туку се постигнува усогласен, правно доследен и функционален пристап, без дуплирање на законски одредби во повеќе закони.

Законот за полиција е специјален закон кој ги уредува само правата и обврските на полициските службеници, додека Законот за внатрешни работи важи за сите вработени во МВР, вклучително и полициските службеници. Министерството останува посветено на законитоста, интегритетот на полицијата и транспарентно информирање на јавноста, потенцираат од МВР.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ