„Јас ли сум виновен што оставија важни закони да се усвојуваат во последните два дена пред распуштање на парламентот?”, изјави Талат Џафери за Дојче Веле.
„Сите закони кои ги сметаат за приритетни се ставени на дневен ред. Оној за ЈО го доставија на 10-ти февруари, а знаеја дека на 11-ти имаме ратификација на Северноатлантскиот договор. Од септември преговараат за Јавното обвинителство, и јас ли сум виновен што сѐ се собра во два дена? Јас не продавам време и не располагам со екстра време. Не знам кој со кого се расправа и за што се убедува, но ако сакаат ново парламентарно мнозинство, ред е да дојдат и да кажат, а не да се расправаат преку мене. Нека објаснат зошто пред шест месеци се договорија да има избори на 12 -ти април! Ако не сакаат избори, ако сакаат ново мнозинство, нека кажат. Не сме венчани. Но, ако со тоа се вратиме во периодот на политичката криза каква што беше во 2015 година, тоа ќе биде нивен проблем“, вели Џафери објаснуваќи дека направил сè што е во негова надлежност.