• Latest

Џафери ги отфрли обвинувања на ВМРО-ДПМНЕ за прекршување на Деловникот со прекин на седницата за уставни измени

August 21, 2023

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Џафери ги отфрли обвинувања на ВМРО-ДПМНЕ за прекршување на Деловникот со прекин на седницата за уставни измени

August 21, 2023 15:09
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска на прес-конференција ги отфрли обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека постапил неделовнички кога го одложил гласањето за потребата за уставни измени по исцрпувањето на листата на говорници на пленарната седница на 18 август. Џафери кажа дека постапил врз основа на членот 81 од Деловникот, но дека врз основа на политичка проценка е донесена одлуката седницата да биде прекината по последниот говорник.

-Седницата беше свикана за 18 август. Според глава 5 во Деловникот на Собранието во која што глава се санкционирани, значи надлежностите за свикување, учество во работата, текот на седницата и се по ред чекорите коишто се за текот на една седница. Врз основа на тие постапки во глава 5, отпочната е седницата, усвоен е дневниот ред со единствена точка на дневен ред, отворен е претрес, одржан е претрес и завршен претрес со констатација дека претресот по точката е затворен, односно завршен и со констатација дека ја прекинувам седницата и за продолжение на истата соодветно дополнително ќе бидат известени пратениците. Оваа моја одлука произлегува од членот 81 став 1 од Деловникот, рече Џафери.

На прес-конференцијата тој го прочита членот 81 став еден: „Претседателот на Собранието може да ја прекине седницата ако нема мнозинство пратеници потребно за одлучување и во други случаи кога ќе оцени дека тоа е неопходно“, пренесе МИА.

-Ова е текстот на став 1 од член 81 врз основа на кој сум ја прекинал седницата, а во ставот 5 е санкционирано „дека времето за продолжување на прекината седница го определува претседателот на Собранието“ и никој друг. Тоа се дискрециони права според Деловникот, вели Џафери.

Според него, и од стенограмите за текот на седницата може да се види дека како претседател на Собранието на крајот на претресот по последниот говорник, координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митревски, нема други интервенции, констатирал „бидејќи е исцрпена листата на пријавени за збор констатирам дека претресот е завршен. Овде ја прекинувам работата за оваа седница, за продолжението ќе бидете дополнително известени“.

-Тоа е врз основа на член 81, а дека пратениците знаат по кој основа се прекинува седницата, доказ е фактот што пред говорот на Митревски, односно при завршување на говорот на Кастриот Реџепи на процедурално се кажува за можна „злоупотреба“ на Деловникот и дека ќе се прекине седницата по завршување на дебатата. Од каде знаеле дека ќе се прекине? Тоа е доказ дека по координациите, јас како претседател на Собранието не седам во кабинетот па само се спуштам доле на седница и си одлучувам, туку си има соодветни сознанија за текот на седницата, како ќе тече седницата и таму се цитира само оној дел којшто мислат дека им оди во прилог, рече Џафери.

Запрашан за тврдењето на ВМРО-ДПМНЕ дека седницата треба да се води врз основа на друга глава на Деловникот која се однесува на промена на Уставот, претседателот на Собранието посочува дека Главата десет од Деловникот (членовите 193, 194) се однесуваат на предлагачот на уставните измени.

-Вика членот 194 – Предлогот за пристапување кон измена на Уставот содржи конкретни насоки за изменување и дополнување на Уставот и образложение за причините поради кои се предлага изменување и дополнување на Уставот. Ова е упатство за предлагачот, не за Собранието. Собранието ќе дојде на оваа точка кога ќе треба, кога ќе кажеме кај оди ова. На предлагачот му укажува што треба да содржи предлогот за измена на Уставот, истакна Џафери.

Претседателот на Собранието го цитираше член 195 на којшто се повикува опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Да, ставот 3 вика одлука за пристапување кон измена на Уставот Собранието ја донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број на пратеници. Овде санкционира со таква одлука се донесува, а не кога ќе се одлучува, затоа што периодот за одлучување на друго место е регулирано во текот на седницата, вели тој.

Ниту во ставот 4 од истиот член, вели тој не пишува време во кое се свикува седница и се одржува.

– Зошто не пишува? Затоа што за овој материјал којшто и секој друг материјал којшто ќе се достави во Глава 5 е пропишана постапка за одржување седница, посочува Џафери.

За тоа кои се околностите поради кои е прекината седницата кога во салата имало стотина пратеници, претседателот на Собранието рече дека се од политичка природа  и оти за нив биле разменети мислења на координација.

-На координација се разменети размислувања околу околностите за текот и затоа е претпоставката – знаеме дека ќе биде прекината. Па нормално знаете дека сум ве известил  како ќе тече седницата. Од каде ќе знаете ако не ви кажав, рече Џафери.

Гласањето е индивидуално, но вели тој, постапката почнува дури откако тој ќе го најави изјаснувањето кога и се отвора системот за гласање.

ВМРО-ДПМНЕ денеска го обвини Џафери дека го прекршил Деловникот кога не ги ставил уставните измени на гласање на 18 август, по завршување на расправата за потребата од уставни измени.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ