• Latest

Џафери-Гир: Изборите кои ќе ги спроведе техничката Влада се клучни за европската иднина

January 30, 2024

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Џафери-Гир: Изборите кои ќе ги спроведе техничката Влада се клучни за европската иднина

January 30, 2024 12:47
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на техничката Влада Талат Џафери, денеска имаше средба со амбасадорот на Европската Унија во Република Северна Македонија, Дејвид Гир, соопшти владината прес-служба.

Амбасадорот Гир му го честиташе на Џафери неговото назначување за претседател на Владата, истакнувајќи ја поддршката од ЕУ и Делегацијата во Скопје во продолжување на соработката и поддршката на институциите во реализирањето на европската агенда на државата.

Џафери изрази задоволство што неговата прва средба со претставник на меѓународната заедница е токму со Амбасадорот на ЕУ во Северна Македонија, што претставува јасен знак за насоката на движење на Владата во следниот период.

Тој истакна дека претстојните избори се од исклучителна важност за иднината на земјата, бидејќи тие ќе го одредат текот на движење и напредок во следниот период. Џафери нагласи и дека Владата ќе продолжи со истата динамика, посветеност и навременост, да ги спроведува сите процеси и обврски кои произлегуваат од започнатите пристапни преговори со Европската Унија во насока на забрзана европска интеграција.

Посебен акцент на средбата беше ставен на заедничката посветеност на Брисел и Скопје кон натамошното успешно придвижување на активностите врзани за Планот за раст за Западен Балкан, и во таа насока, амбасадорот Гир го поздрави досегашниот конструктивен пристап на Владата.

Заблагодарувајќи се на амбасадорот Гир за принципиелната поддршка на Северна Македонија од страна на ЕУ во процесот на остварување на стратешката цел на државата – членството во ЕУ, Џафери истакна дека Владата ќе продолжи со активностите за унапредување на демократијата и владеењето на правото, како и борбата против корупцијата и зацврстување на правната држава.

На средбата беа разменети и мислења за актуелни прашања од внатрешно-политичката состојба во земјата и претстојните избори. Во тој поглед, амбасадорот Гир нагласи дека ЕУ, како и досега, ќе ги подржи активностите на ОДИХР во обезбедување набљудувачка мисија и спроведување фер и демократски претседателски и парламентарни избори, се вели во соопштението од владината прес-служба.

Tags: ГирЕУизбориЏафери
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ