Претседателот на Собранието Талат Џафери изјави дека на денешната средба на работната група за нов Деловник во рамки на Жан Моне процесот, главно, било разгледувано носењето закони во редовна постапка односно од 132 член натаму. Џафери рече дека на 2 овој месец ја закажал оваа средба и дека претходната била одложена на барање на ВМРО-ДПМНЕ и оти не ја знае причината зошто тие и претставникот на Левица не биле на состанокот.
-Оваа работна група треба да работи во насока на постигнување на што е можно повеќе решенија за консензуално утврден Деловник, којшто би требало да се донесе на четвртиот Жан Моне дијалогот, којшто би се одржал во утврдениот формат со присуство на тројцата европатеници од Европскиот парламент, изјави Џафери.
Денеска биле разгледани од членот 132 до 166 од Деловникот.
-Фактички беа разгледани членовите кои пропишуваат процедура за разгледување на предлог-закони во редовна постапка во прво и во второ читање и предлозите и размислувањата на тие што беа присутни беа во насока дека роковите кои се пропишани во дел од членовите од 132 до 166 да се допрецизираат во смисла во кој рок треба да завршат работите во работните тела и да има алтернатива како исклучок во смисла што во случаите ако работните тела не ги завршуваат обврските во предвидените рокови во Деловникот, изјави Џафери.
Според него, според актуелната состојба работата на актуелните работни тела е поставена над надлежноста на пленумот.
-Што значи Пленумот зависи од работата на работните тела и затоа во новите размилувања е идејата да се надмине ситуација доколку работно тело смислено одбива да ја врши работата која што и е определена со Деловникот и мора да има алтернатива што и во која постапка Собранието како законодавно тело да може да ја изврши својата функција, изјави Џафери.
На денешната средба на Работната група учествуваа сите претставници на сите пратенички групи освен на ВМРО-ДПМНЕ и Левица, како и советниците професорите Владо Поповски и Јетон Шасивари.
Џафери рече дека не ја знае причината зошто ВМРО-ДПМНЕ и Левица не присуствувале на денешната средба, но биле присутни дел од нивните советници кои воделе белешки и ќе им го пренесат тоа што било разговарано денеска и дека ќе им бидат доставени белешки од денешниот состанок.
-Она што го разговаравме денеска ќе им биде доставено како размислување и доколку сакаат да дадат свои размислувања ќе можат и на писмено. Не е идејата да се одбегне учеството на опозоцијата. Суштината е што не се изјаснија за продолжение на состанокот откако по нивно барање беше одложено. Јас не можев да го оставам во недоглед дали ќе ме известат или не и затоа бев приморан да ја свикам деншната седница, рече претседателот на Собранието.
Работната група за учество во процесот Жан Моне е основана со одлука на Собранието и во неа се членови потпретседателите на Собранието, коордианторите, замениците координатори на пратеничките групи и претставниците на политичките партии застапени во Собранието, а коишто не се органзирани во пратенички групи – потпретседателите Мисовски и Исмаили, координаторите и претставниците на пратеничките групи од СДСМ, ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ, НСДП, Алтернатив, а Алијанса за Албанците, БЕСА и Левица и претседателот на Комисијата за деловничко и мандантен имунитет и прашања.
Претходните работни средби се одржаа на 1 март 2021 година, Втората на 15 март 2021, третата беше во форма на работен викенд во Маврово на 7 и 8 мај 2022 година. Ова е четврта средба на оваа работна група.