Откако обвинителката Вилма Рускоска се откажа барањето за следење на Трајко Вељановски, поранешниот претседател на Собранието и Љупчо Димоски, префлајќи ја одговорноста на Собранието за нивно евентуално бегство, се јави со коментар и Талат Џафери.
Според Џафери, во случај на нивно бегство, одговорноста е кај судот, затоа што тој е надлежен да го обезбеди присуството на сите обвинети и осомничени.
Џафери на брифингот со новинарите рече дека Собранието може да донесе одлука за барањето за притвор на Вељаноски, но претходно мора да има одлука на комисијата за мандатно-имунитетни прашања.
Б. Ј.