Пратеникот Димитар Апасиев, преку Фејсбук информираше дека поднел барање за свикување на седница за пратенички прашања во Собранието. Претседателот на законодавниот дом, Талат Џафери, одлучил да му одговори писмено иако од неговиот кабинет додаваат дека не практикуваат да коментират фејсбук статуси. Во писмениот одговор Џафери му одржи лекција за правни и деловнички процедури на професорот по право, покажувајќи му како се бара седница за пратенички прашања и дека не се доволни двајца пратеници.
„… претседателот на Собранието може да свика седница и по барање на претседателот на Републиката, Владата и најмногу 20 пратеници“, стои во одговорот на Џафери.
А. З.