• Latest

Џафери: Пописот не е и не смее да биде политичка операција, месец април да покаже дека сме созреале како држава

January 29, 2021
Кијив, 9 септември 2026 (фото: ДСНС Украина)

РУСКИ ТЕРОР: Двајца загинати на граничниот премин „Старокозаче“, повредени цивили во Кијив

September 9, 2026

Снимки со закани кон Косово од наводни српски борци на руска страна во Украина

September 9, 2026
Students are focusing on books and making notes while studying and learning in a university library, representing education, academic research, and the pursuit of knowledge, copy space

Алармантни податоци за писменоста, ПИСА 2025: Северна Македонија далеку под просекот во знаење и вештини

September 9, 2026
Ед Милибанд (фото извор: GOV.UK)

Историски пресврт во британската политика кон Израел: Санкции за окупацијата и обвинувања за етничко чистење

September 9, 2026
Ландтаг, Саксонија-Анхалт

АФД победи во мала покраина, но предизвика голем потрес: Саксонија-Анхалт како предупредување за цела Германија

September 9, 2026
Министерство за надворешни работи на Босна и Херцеговина (фото извор: МНР на БиХ)

ЕСКАЛАЦИЈА: БиХ ги залади дипломатските односи со Србија по глорификацијата и погребот на Ратко Младиќ

September 8, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Кој ќе чека уште 25 години за демократија?

September 8, 2026

Првите сто години се најтешки, за потоа – ќе видиме

September 8, 2026
Бленди Ходаи (фото извор: ФБ профил на авторот)

„Дали ти изгледам како идиот?“

September 8, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Кога немате леб, јадете колач

September 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Џафери: Пописот не е и не смее да биде политичка операција, месец април да покаже дека сме созреале како држава

January 29, 2021 14:54
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ПОПИС
Share on FacebookShare on Twitter

Информирањето и охрабрувањето на граѓаните за важноста и за значајноста од нивното и вклучувањето на сите институции во успешното спроведување на пописот, не само што е потребно и неопходно, туку е и од витално значење за идното креирање на развојните политики на земјата, засновани врз прецизни податоци за да може да се направат макроекономски планирања кои ќе бидат од полза и за научните и другите истражувања меѓутоа и за напредокот на земјата.

Ова го истакна претсасдеталот на Собранието на РСМакедонија Талат Џафери во обраќањето на деншната средба организирана од Државниот завод за статистика за координација со државниот врв и градоначалници за координација во спроведувањето на претсојниот попис.

-Се разбира, Република Северна Македонија, како полноправна членка на Организацијата на Обединетите Нации, ги почитува обврските што произлегуваат од тоа членство и затоа спроведувањето на Пописот на населението, домаќинствата и становите ќе биде спроведено во согласност со донесените Меѓународни препораки подготвени од страна на Економската комисија за Европа на Обединетите нации и Евростат – статистички цели и за тоа, убеден сум дека се направени сите пред подготовки од страна на Државниот завод за статистика, како национален координатор на статистичкиот систем во земјава за спроведувањето на оваа операција, која за жал, во Република Северна Македонија не е реализирана во последниве 20 години, иако имаше обид во 2011 година кој што обид беше прекинат, рече Џафери.

Според него, на  пописот кој во демократскиот свет се гледа како на најскапа и најобемна статистичка операција кај нас се восприемна низ политичка призма.

-Дали е тоа така, зошто е тоа така, што доведе до тоа да во нашата земја, секоја постапка, секоја иницијатива, секоја вообичаена законска обврска се гледа низ политичкиот објектив, мислам дека нема да биде воопшто продуктивно и целисходно да зборувам сега за тоа. Затоа што за правата и обврските имаме Устав, имаме важечки закони, имаме ратификувани меѓународни Декларации. И затоа, во едно сум убеден и на тоа ќе инсистирам, Пописот не е и не смее да биде политичка операција. Редно е да се издигнеме над тој порив, редно е да се вброиме меѓу земјите кон чие што друштво и целиме, истакна Џафери.

Во прилог на ова, допдаде, е сериозноста со која сите институции, почнувајќи од Државниот завод за статистика, Министерствата кои за целите на пописот соработуваат со Заводот, Единиците на локалната самоуправа и сите чинители се вклучени во планирањето и подготовката на Пописот кој се рангира како активност од висок државен интерес за кој што во Собранието беше донесен и посебен Закон и врз основа на кој е и оваа денешна активност на информирање и давање на адекватна поддршка и вклучување на институциите од највисоко ниво.

-Секоја од нив има и дава огромен придонес во квалитетното спроведување на пописот, а резултатите од истиот ќе бидат одлична основа за донесување на закони и развојни политики засновани врз прецизни податоци кои повторно, ќе бидат од директна полза на граѓаните во единиците на локалната самоуправа, кои што врз основа на прецизни статистички податоци ќе можат да исползуваат доволен удел од буџетот за финансирање на локалните училишта, градинки, здравствени установи, културни установи, јавен превоз, патна, енергетска и друга инфраструктура која е од суштинско значење за граѓаните затоа што токму тие, во нивните секојдневија ќе можат лично и реално да ја почувствуваат успешноста или пак неуспешноста на локалната власт во олеснувањето и подобрувањето на квалитетот и стандардот на живот на нивните семејства и домаќинства. Пописот ќе овозможи рамномерно распоредување на јавните здравствени установи, училишните, спортските и културни центри, нагласи спикерот на Парламентот.

Во овој контекст,  додаде тој, од исклучителна важност е секој еден чинител во операцијата наречена Попис, да ја сфати неа со должна почит и сериозност и така и да пристапи, почнувајќи од институциите на централно и локално ниво, од инструкторите, попишувачите и последните, меѓутоа најважните, граѓаните.

-Апелирам до нив да дадат поддршка на лицата ангажирани за пописот, да даваат точни податоци за присутните и отсутните членови на семејствата, да не се обидуваат да дадат неточни податоци затоа што давањето на лажни податоци, освен што е дело казниво со закон, на овој или оној начин, повторно ќе ни се врати на нас самите, како бумеранг. Да смогнеме сили, да го оставиме настрана нашето себично размислување и да се издигнеме над ситуацијата, да ги прифатиме резултатите од пописот и да се поместиме веќе еднаш од таа мртва точка на која сме заглавени со нашиот анахрон ментален склоп за да не дојде ред да правиме попис на иселени и преостанати жители во Република Северна Македонија. Се надевам дека месец април ќе биде потврда за тоа дека сме созреале како држава, после цели 20 години и дека сме спремни да бидеме полноправна членка на Европското семејство во блиската иднина, порача претседателот на Собранието Талат Џафери./МИА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ