Председателот на Собранието, Талат Џафери, во брифинг со новинари изјави дека не може да се распушти Собранието без формирање на текничка влада. За иницијатаивата на ВМРО-ДПМНЕ, Џафери рече дека ќе се стави на дневен ред откако партиите ќе се договорат и ќе формираат техничка Влада според договорот од Прживно.
Ова според Џафери е законска должност, а како втора опција на ВМРО-ДПМНЕ им останува да соберат 61 пратеници и да иницираат директно распуштање на Собранието.
А. Зеќири