• Latest

Џафери: Турбулентната историја на Југоисточен Балкан не значи дека не можат да се надминат штетните симптоми

October 26, 2019

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (5): Стратешки препораки за зајакнување на институционалната и граѓанската отпорност

November 9, 2025
Скриншот од видео на
The Telegraph

Што доби – и што не доби Орбан од Трамп

November 9, 2025

Кремљовскиот режим на тортура

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (4): Траекторија на ризикот за следните 3-6 месеци

November 9, 2025
Поранешниот претседател на Северна Македонија, проф. д-р Стево Пендаровски и директорот на IGES, д-р Аднан Капо. Фото: IGES

Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (3): Индикатори и сигнали за рано предупредување за Северна Македонија

November 9, 2025

Супорт Кочани распредели околу 11 милиони денари на 137 лица, држата наплати 1 милион денари данок од собраната помош

November 9, 2025
Фотоколаж од Фејсбук на Окомура и Х на Јана Чернохова/ Expatz.cz

Отстранувањето на украинското знамето му се врати како бумеранг: На чешкиот парламент сега се истакнати уште повеќе сино-жолти знамиња

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (2): Прокси мрежи и локални овозможувачи, стратешки ранливости на Северна Македонија

November 9, 2025

Русија врбува агенти и провокатори за субверзивни активности во западна Европа: Како се спроведуваат хибридните операции

November 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Џафери: Турбулентната историја на Југоисточен Балкан не значи дека не можат да се надминат штетните симптоми

October 26, 2019 13:01
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, учествува  на Самитот на Универзалната федерација за мир на тема„Мирот, безбедноста и човечкиот развој во Југоисточна Европа“ од 25 до 27 октомври во Тирана. Во своето обраќање, Џафери истакна дека Албанија и Северна Македонија не смеат да губат надеж  и дека треба да го следат истиот пат на исполнување на критериумите, односно правењето на реформите, независно од одлуката на ЕУ.

„Југоисточна Европа, има турбулентна историја која не остава никого индиферентен. Секогаш имало антагонизми и раздори, секогаш било лесно да се разбудат чудовиштата и да врие казанот наречен „Балкан“, меѓутоа, се чини дека лека полека меѓутоа сигурно, се надминуваат овие штетни симптоми, говорот на омраза се заменува со современ говор на цивилизиран и визионерски дијалог“, истакан Џафери на почетокот од совето обраќање.

„Доаѓам тука од Стразбур, каде што бев учесник на Европската конференција на претседатели на Парламенти на Парламентарното собрание на Советот на Европа, каде покрај моето обраќање на Конференцијата, имав и средба со претседателот на Европскиот парламент и со други европратеници. За време на разговорите што се одвиваа во искрена и пријателска атмосфера, се кажа тоа што постојано се повторува од сите дека поддршката за нашата евроинтеграција продолжува и понатака, признаваат дека е нанесена неправда, меѓутоа и дека не смееме да губиме надеж и дека треба да го следиме истиот пат на исполнување на критериумите, односно правењето на реформите. Јас реков дека разочарувањето е природно кај сите, меѓутоа и тоа дека за нас е неприфатлива каква било евентуална алтернатива на процесот на пристапување, односно, ставањето на земјата во категоријата на соседство на ЕУ и истакнав дека Берлинскиот процес е комплементарен со процесот на евроинтеграција преку кој земјите на Западен Балкан можат да постигнат забрзан напредок на реформите и ние сме сериозно посветени кон процесот во интерес на поскорото интегрирање во Европската унија“, изјави Џафери.

Џафери додаде дека потврда за поддршката на  двете земји е и Резолуцијата што се усвои во Парламентот со огромно мнозинство и со признавање на сите напори и реформи што тие ги направиле.

„Се разбира дека нашите активности нема да застанат тука и дека и понатака ќе продолжиме во сиот ритам затоа што тоа е за развојот и напредокот на нашите земји, за безбедноста и благосостојбата на нашите граѓани и за еден поквалитетен живот за сите. Ќе продолжиме да градиме мостови на соработка и приближување меѓу нашите народи, нашите држави и целиот регион и светот. Ќе продолжиме со заеднички проекти за да бидеме конкурентни со развиениот свет во технолошки, еколошки, културен, научен, интелектуален, уметнички и друг аспект, затоа што имаме човечки потенцијал, имаме силна волја и имаме далековидност да бидеме примерни“, рече Џафери.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ