• Latest
Војо Маневски

Дијалогот е неопходен, договорот е решение

April 8, 2025

Сите засравме сѐ

July 2, 2026

Неподнослива леснотија на владеењето

July 2, 2026
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Дијалогот е неопходен, договорот е решение

April 8, 2025 13:52
in ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

ВОЈО МАНЕВСКИ

Средбите меѓу лидерите на политичките партии кај нас резултираа со решенија што беа нивен компромис. Најчесто до сега компромисот се правеше под притисок на надворешниот фактор. Она што тешко го прифаќаме како заедница е компромисот како резултат од дијалогот како процес. Таа постојана спротивставеност во сите сфери доведе до бесперспективност на општеството .

Оваа дијагноза за состојбите е поставена одамна ама никако да се најде лек за лечење на болеста. Изгледа сега е дојдено врме да се бара излез од лошите состојби преку дијалог на политичките чинители во државава. Не се тоа само политичките партиии туку и стручната и целокупната јавност . Ако светските случувања и домашните неприлики не се доволна причина да се седне и отпочне дијалог, тогаш навистина не сме дораснале да имаме држава како перспективна рамка на целата зедница.

Средбата меѓу лидерите на двете најголеми партии е за поздравување. За почеток сите да дадеме некаков позитевен импулс за целиот процес на некаков нов општетсвен договор.

Секако ќе се јават различни мислења. И треба да се јават зошто тоа е суштината на демократскиот дијалог. Некои ќе се против ваквите средби наместо дебати во институцииите на државата, но како иницијација за дијалог оваа форма на средби е добра.

Секако ќе има подметнувања и директни и скриени противници на дијалогот. Сите кои имаат интерес да се продолжи со нефункционирањето на системот и сведувањето на сите негови процеси на неформални договарања на неформални центри на моќ, ќе се против. Во наредниот период ќе бидеме сведоци на вакви појави.

Што е она што засега ни е познато од средбата меѓу лидерите? Да се започне со реформите во правосудството, во енергетскиот сектор и да се дојде до некаква усогласеност во одговорот на меѓународните предизвици.

Ќе бидеме ли сведоци на понатамошни средби со вклученост на сите релевантни политички партии и стручната јавност?

Ако тоа не се направи и оваа средба ќе биде запаметена како уште еден од обидите да се прикаже дека нешто ќе се менува, ама само за да не се смени ништо. Ваквите општествени процеси бараат што е можна поширока општествена поддршка, но и минимум искреност од главните носители на процесите. Поимот искреност не е емоционална категорија, туку збир од постапки кои ќе се исцртааат во една покривка која секаде во светот се нарекува –општествена одговорност на носителите на јавни овластувања .

Ако оваа средба е подготвена и со веќе изработени нацрти на законски решенија што сега можат да се подобрат со стручна и јавна дебата спремен сум да извикнам дека има надеж за сите нас како заедница и како држава.

Овој процес мора да продолжи и со реформи во правниот систем на законски решенија за самите политички партии. Авторитарен демократски систем не постои, колку и да се трудат некои политиколози да го прикажат како блага форма на автократија. Не постојат појави како што е „дрвено железо“, колку и да сакаме да измислуваме дефиниции. Или има демократски процеси како израз на демокртските врдности или има авторитарни процеси и автократи кои донесуваат одлуки наместо институциите. Другото е „мижи Асан да ти баам“.

Длабока реформа на изборниот законик и негова демократизација мора да е следен чекор во дијалогот. Не држи вода постојаниот изговор дека сме пред избори и системот нема време да се менува. Ние сме постојано пред избори ама сега сме и пред големи искушенија. Некои состојби бараат храбри решенија. А состојбата во која се наоѓаме бара токму такви лидери и решенија. Ако не се донесат измени во изборниот закон и преставниците на граѓаните не се стекнат со демократска основа на своите овластувања кои од нив ќе бараат одговорност пред избирачите и сите граѓани, другите реформи ќе биде тешко да се спроведат.

Во Малешевијата имаат изрека – „т’ва бачило такво сирење дава“.

Пробавме досега многу општествени решенија, ама сите ги закочивме и заразивме со недоверба и со негативност кон сите предложени промени. Како да не сме спремни било што да менуваме ако тоа не е под притосок .

Ете сега има конкретен предлог и за почеток конкретен повод да се насочи позитивната општествена енергија за да се стаса до некаков нов општествен договор. Предлагам за почеток да не го рушиме со однапред негативистички ставови и да го подржиме како излез од задимената кафеана во која живееме веќе три децении. Видовме колку жртви имаше кога нема доволно излези, кога нема ред и кога е дозволено некој да внесе и употреби пиротехника. После е доцна за настраданите, а виновниците ќе ги бараме со децении.


Текстот е личен став на авторот
Tags: компромислидерилидерска средбанов општствен договорполитички партии
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ