Државната изборна комисија ги демантира насловите во одредени медиуми во кои се наведува дека Државната изборна комисија ги почна подготовките за Предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија.
„Ве информираме дека Државната изборна комисија, во целост ја почитува Уредбата со законска сила за прашањата поврзани со изборите бр.44-2413/1 од 21 март 2020 година, донесена од Владата на Република Северна Македонија, врз основа на која ДИК усвои Заклучок за прекинување на сите изборни дејствија за спроведување на Предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, закажани за 12 април 2020 година бр. 08-1022/1 од 22 март 2020 година“, стои во соопштението на ДИК.
Единствените активности кои Државната изборна комисија ги реализира во моментот се активностите поврзани со нејзиното тековно функционирање.