Државната изборна комсија (ДИК) соопшти дека до денеска, 2 ноември, заклучно со 15 часот, до комисијата се поднесени вкупно 13 приговори, и тоа:
Седум приговори се од подносителот политичка партија ТМРО, кои се однесуваат на постапката за сумирање и утврдување на резултатите во избирачките места 1156, 1178, 1157, 1182, 1183, 1176 и 1181 во општина Старо Нагоричане , додека останатите шест приговори се од Коалицијата предводена од СДСМ, кои се однесуваат на постапката за гласање, односно постапката за сумирање и утврдување на резултатите на избирачките места 2966/1 и 2958/1 во општина Шуто Оризари, избирачкото место број 1612 во општина Конче и избирачките места 835, 874 и 865 во општина Кочани.