Вкупно 723 лица, кои се заболени од Ковид-19 или се наоѓаат во самоизолација, гласале денеска, а беа пријавени дека треба да гласаат 759 лица.
„Разликата што се јавува во бројките што ги соопштивме претходно е од причина што одлучувавме и прифативме одредени приговори од граѓани“, појасни Дерковски.
Додаде дека гласачките места во следните денови ќе бидат безбедни и ги повика сите граѓани да излезат и да го остварат нивното гласачко право.
Од ДИК образложија дека ливчињата од гласањето денеска и утре остануваат запечатени во пликоата што се наоѓаат во гласачките кутии. Велат дека не постои начин да се отворат овие ливчиња и да се провери кој за кого гласал до завршувањето на изборниот процес.
Утре гласаат болните и немоќните, како и лицата во казнено-поправните установи.
Утре гласаат болните и немоќните чиј број изнесува 8.852, лицата во 13 Казнено-поправни установи и тоа 1.657 и шест внатрешнораселени лица. Во 17 старски домови правото на глас ќе можат да го остварат 357 гласачи.
Право на глас на изборите кои ќе завршат на 15 јули (среда) во 21 часот, имаат 1. 814 263 граѓани.