Државната изборна комисија (ДИК) денеска склучи Меморандум за соработка со Здружението за европска социјална инклузија ЕСИ НЕЛИС од Скопје.
Целта на меморандумот за соработка е зголемување на поддршката за слепите лица и лицата со визуелна попреченост во сите сегменти и фази на изборниот процес при остварување на изборните права, како и унапредување на работата на изборната администрација за создавање на услови за градење на инклузивен изборен систем и успешно спроведување на инклузивни избори, соопшти ДИК.
Двете страни се согласија дека координирано ќе работат на заемна поддршка, соработка и учество во подготовка и имплементација на стратегии, програми и проекти за создавање на услови за пристапни и достапни изборни процеси за слепите лица и лицата со визуелна попреченост.
Фото: ДИК