Портпаролката на ДИК, Љупка Гугутчевска, на денешната прва прес-конференција информираше дека до девет часот во општина Маврово-Ростуше на гласање излегле 549 гласачи или излезноста е 5,52 отсто, а во Центар Жупа излегле 407 гласачи или 5,69 отсто. Во Тетово до девет часот од обработени 94 избирачки места гласале 1.755 гласачи додека останатите избирачки места се во обработка.
Гугучевска соопшти дека сите гласачки места се отворени навреме и дека гласањето се одвива тековно, без проблеми.
Овие избори ги следат 49 акредитирани набљудувачи од една домашна и една странска организација. Сите подносители на листи на кандидати имаат право да овластат свои претставници кои ќе ја следат работата на изборните органи. Медиумите како и секогаш имаат право да го следат и да известуваат за изборниот процес. За таа цел, ние како Државна изборна комисија, а и изборните органи на пониско ниво сме постојано отворени за соработка.
Во текот на вчерашниот ден гласале вкупно 93 болни и изнемоштени лица и 94 гласачи кои се на издржување казна затвор или во притвор во пет казнено-поправни установи.
Во Центар Жупа се гласа за еден кандидат за градоначалник, додека во Маврово-Ростуше за двајца кандидати за градоначалник. За изборите за градоначалник да бидат успешни потребно е на гласање да излезат најмалку една третина од запишаните избирачи и мнозинството да гласаат за еден од кандидатите, односно за едниот кандидат во Центар Жупа.
Во општина Тетово на гласачкото ливче има 13 листи на кандидати за членови во Советот на општината. Мандатите ќе бидат распоредени според бројот на добиени гласови користејќи ја Донтовата формула.
Во Тетово на изборите за советници, до 9 часот, на 94 И.М гласале 1755 избирачи. Податоците од останатите исбирелки места се обработуваат, изјави портпаролката на ДИК, Љупка Гугучевска на денешната прва прес-конференција.
До 9 часот до ДИК се пристигнати вкупно 5 приговори за заштита на лично избирачко право, четири од општината Центар Жупа и еден од општина Тетово и сите 5 се прифатени.
Следната прес-конференција на ДИК е најавена во 11:30 часот, а ќе се одржи во Тетово каде на терен се членови од ДИК.
М.Д.