• Latest

ДИК: Измени на Годишниот план за јавни набавки за подготовка за претстојните локални избори

June 12, 2025

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025

Судот на БиХ ја отфрли жалбата на Додик: Дали ова е конечниот крај на неговата политика?

November 6, 2025
Пожар во руската рафинерија за нафта во Волгоград во текот на ноќта на 6 ноември. Фото: Ексиленова/Телеграм

Гори руската рафинерија во Волгоград, партизанската група „Слобода на Русија“саботираше десетици возови во напад врз логистичката инфраструктура, експлозии во рускиот центар за дронови во окупираниот Донецк

November 6, 2025

Според Мицкоски, Северна Македонија е многу пред Албанија во процесот на интеграција во ЕУ

November 6, 2025
Скриншот од видео на ДИК

ДИК ги објави официјалните резултати од вториот круг на локалните избори, за три општини има приговори

November 6, 2025

Адмир Лисица: „Додик ќе трае онолку колку што ќе посака меѓународниот фактор“

November 6, 2025
Скриншот од видео на TOI

Рускиот министер за одбрана: Русија треба веднаш да започне со подготовки за целосни нуклеарни тестови

November 6, 2025

По извештајот на ЕК: Владата бара гаранции од ЕУ, СДСМ алармира за „најлоша деценија“

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

ДИК: Измени на Годишниот план за јавни набавки за подготовка за претстојните локални избори

June 12, 2025 14:19
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Државната изборна комисија, денеска ја одржа 125-тата седница на која членовите на комисијата ја разгледаа и усвоија одлуката за измена на Годишниот план за јавни набавки во пресрет на претстојните локални избори. Членовите на ДИК едногласно ги изгласаа и усвоија и решенијата за утврдување на пописите на избирачките места во неколку скопски општини и Радовиш.

Претседателот на ДИК, Борис Кондарко рече дека измената на годишниот план за јавни набавки се однесува на тековно работење во пресрет на изборите.

Членот на ДИК, Ангелчо Ристов рече дека измените се предвидени за редовното работење на Државната изборна комисија и се однесуваат на набавка на лиценци за опремата на ДИК, опфатени во делот на организирање и спроведување на локалните избори.

– Во интерес само на јавноста да појасниме дека се врши измена на годишниот план за вкупните потреби за јавните набавки за 2025 година во делот на оние набавки коишто се предвидени за редовното работење на Државната изборна комисија, односно се менува очекуваниот почеток за отпочнување на набавката, проценетата вредност и видот на набавката во делот кај што е предвидено набавка на лиценци за опремата на ДИК, односно на лиценци заменети за офис 365. Со оглед на фактот дека е утврдена потреба од зголемување на проценетата вредност, согласно реалните потреби на ДИК и согласно дејствијата коишто треба да бидат опфатени во делот на организирањето и спроведувањето на локалните избори, согласно човечкиот потенцијал којшто ќе биде ангажиран за истите, предлагам оваа одлука да се изгласа и да се постапи согласно предложената содржина од страна на службата и по самата одлука како и по усвојувањето на истата, да се пристапи кон изготвување на пречистен текст на Годишниот план за јавни набавки, рече Ангелов.

На денешната седница членовите едногласно ги изгласаа и решенијата за утврдување на избирачки места во повеќето скопски општини. Како што појасни Кондарко, станува збор за решенија за утврдување на пописите на избирачките места, врз основа на надлежностите на ДИК, што е и стандардна процедура која тековно се спроведува во соработка со Државниот завод за статистика и податоците кои пристигаат од подрачни одделенија за редовно усогласување и ажурирање на избирачките места.

– Конкретно се однесува за неколку решенија во неколку општини, во неколку избирачки места: избирачко место 1585, општина Радовиш, 2915, Визбегово, општина Бутел, 2915/1, Визбегово, општина Бутел, избирачко место 2789/1 Драчево, општина Кисела Вода, избирачко место 2789, Драчево, Кисела Вода, 2835, општина Центар, избирачко место 2753, општина Аеродром, 2730/1 Аеродром, 2730 исто така Аеродром и избирачко место 2642, општина Карпош, кажа претседателот на ДИК, пренесе МИА.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ