• Latest
EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

ДИК: На гласање нема да може да се оди со маски со политички симболи

July 7, 2020

Како лагата добива изглед на вистина – што е перење пропаганда? (ИНФОГРАФИК)

November 28, 2026

Ден на сеќавање на жртвите на Гладоморот: Историјата на злосторството и враќањето на вистината

November 28, 2026
Вонреден Самит во Брисел 26-27 ноември 2026
(Фото: Европска Унија)

Без договор за буџетот на ЕУ до 2034 година, преговорите продолжуваат во декември

November 27, 2026
Фотографија: Преземено од Pexels

„Ниту една повеќе“: Протестите против фемицидот не се простор за партиска промоција

November 27, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Албанските студенти влегуваат во политиката со иницијатива за нова партија „Обединети за Албанија“

November 27, 2026
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕМОКРАТИЈА ИЗБОРИ

ДИК: На гласање нема да може да се оди со маски со политички симболи

July 7, 2020 16:55
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ
EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Share on FacebookShare on Twitter

Државната изборна комисија утре ќе организира симулација на безбедно гласање со примена на сите мерки и здравствени препораки на едно избирачко место на кое што ќе бидат поканети сите медиуми. Ќе биде опфатен целиот избирачкиот процес во реални услови.-Почнувајќи од доаѓањето на граѓаните на избирачкото место, чекањето, влегувањето, дезинфекцијата, идентификација, се што е по закон, со посебно напоменување на сите здравствени мерки кои треба да ги почитуваат граѓаните, но и самите изборни органи и домашните и странскирте набљудувачи, најави Борис Кондарко, член на ДИК.

На настанот ќе бидат поканет медиумите, домашни и странски меѓународни мисии, посебно мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, од Министерството за здравство, како и претставници на амбасадите. Ќе бидат поканети и учесниците на изборите односно политичките партии. На денешната седница на ДИК беше најавено, исто така дека граѓаните ќе можат да гласаат на изборите на 15 јули со пасоши чија важноста истекла
од 18 март наваму, за време на вонредната состојба, имајќи предвид дека тие ќе имаат важност до 31 јули.

Кондарко информираше дека на гласање граѓаните нема да смеат да одат со маски на кои што ќе има амблеми на политички партии, бидејќи тоа ќе се третира како агитирање на избирачкото место што е забрането со закон.

На 13 и 14 јули, кога гласаат лицата со Ковид-19, во изолација, болни, немоќни и хронично болни, членови на ОИК и на ИО, ќе можат да бидат ослободени од работа доколку има потреба да бидат ангажирани и овие два дена.

Елизабета Постолоска член на ВМРО-ДПМНЕ и Дитмире Шеху потпретседателка на ДИК и член на Комисијата предложена од ДУИ, побараа дополнување на дневниот ред, односно менување на упатството
на ДИК за гласање на лицата со Ковид-19 и во самоизолација.

Елизабета Постолоска член на ВМРО-ДПМНЕ и Дитмире Шеху потпретседателка на ДИК и член на Комисијата предложена од ДУИ, побараа дополнување на дневниот ред, односно менување на упатството
на ДИК за гласање на лицата со Ковид-19 и во самоизолација.

Постолoска побара нова точка на дневен ред односно менување на упатството за гласање за овие лица, за да се овозможи за гласање да се пријават лица со позитивен тест со Ковид-19 кои не добиле решение од
Државниот здравствен и санитарен инспекторат. Како доказ дека се позитивни на Ковид 19 овие лица, како што предложи таа, да можат до Комисијата, односно до ОИК да го достават резултатот од тестот.

Потпретседателката на ДИК Шеху рече дека бара дополнување на дневниот ред. Владата, додаде таа, со указ утврди и им даде право да гласаат на лицата кои се со Ковид-19 и лицата кои се во изолација.

-Врз основа на информациите од општинските изборни комисии, тие само доставуваат известувања, но затоа што имаат само еден смс или добиле повик од матичниот лекар или од Инспекторатот дека истата личност треба да остане во изолација, додека решенијата ќе им бидат подготвени за кратко време. Досега, тие не успеале да добијат решенија од Инспекторатот дека се во самоизолација, додека крајниот рок за
поднесување е 8 јули, појасни Шеху.

Ова не беше прифатено од страна на членовите на ДИК, предложен од СДСМ Кондарко и Јанаќие Витанов кои сметаат дека на ден пред завршување на рокот на пријавување на овие лица не може да се менува
упатство за гласање на лицата со Ковид-19 и во самоизолација.

извор: МИА

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ