Државната изборна комисија денеска по случаен избор ги бираа членовите на Општиниските изборни комисии, чија мандат ќе трае пет години. Според Изборниот законик, по распишување на изборите, Министерството за информатичко општество и администрација достава список на службеници во јавната администрација. Со оглед дека мандатот на претходниот состав на ОИК е поминат, а со цел навремена едукација и обука на членовите за локалните избори, се формираше посебна комисија која денеска во соработка со ИТ секторот на ДИК на јавна седница ги бираат претседателите, заменик претседателите и членовите на ОИК во секоја општина и Град Скопје по азбучен ред. Средствата предвидени за набавка на возила (1.000.000 денари) и принтери (450.000 денари) ДИК ги пренамени и истите ќе се користат за реконструкција на подрачните одделенија и канцеларии на ДИК.
На почетокот на седницата се усвои изменување и дополнување на Програмата за јавни набавки за 2021 година. Како што соопштија на седницата, ДИК и ИФЕС соработуваат за реконструкција на просториите на подрачните одделенија на ДИК за подобрување на условите за вработените и подобра услуги за граѓаните. Набавката ќе се спроведе во јуни. А со неа ќе бидат споени и набавката на принтери и службени возила.
Б. Ј.