• Latest

ДИК не треба да ги одредува цените, но ни државата да ги плаќа партиските реклами

February 21, 2020

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

ДИК не треба да ги одредува цените, но ни државата да ги плаќа партиските реклами

February 21, 2020 15:32
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Цената на рекламен простор не треба да се ограничува, но финансирањето политичко рекламирање со јавни пари е целосно неприфатливо, вели Дејан Георгиевски, претседател на Центарот за развој на медиуми.

Минатите два дена национални телевизии реагираа на Одлуката на Државната изборна комисија за  цените на рекламите за платено политичко информирање за предвремените парламентарни избори.

„Сметам дека финансирањето на купувањето рекламно време и простор од страна на организаторите на изборни кампањи (политичко рекламирање) со јавни пари е целосно неприфатливо и не може да се оправда на ниту еден начин“, смета Георгиевски, кој додава дека Центарот за развој на медиуми, одамна се залага за укинување на политичкото рекламирање во радиодифузијата, и ваквите појави само го зацврстуваат тој став.

Телевизиите сметаат дека ДИК погрешно го толкува Изборниот законик кога ги одредува цените, односно дека ДИК воопшто не треба да одредува цени.

И Георгиевски го дели ставот дека Државната изборна комисија не треба да одредува ценовник на рекламен простор.

„Не се согласувам дека цената на рекламниот простор треба да се ограничува, особено од тело кое не е упатено во начинот на кој функционира рекламната индустрија, кое не прави разлика помеѓу „ударно време“ (prime time) и останато време (off prime time), каде цените се разликуваат често и за неколку фактори на големина. Морам да кажам, ако веќе постои критериум за ограничување на цената на рекламниот простор, претходниот критериум кој се засноваше на цените по кои медиумите го продаваат просторот во последните три месеци, е далеку посоодветен“, вели тој.

Ниските просечни цени, според Георгиевски, се последица и на однесувањето на дел од медиумите, кои „свесно сами го рушеа пазарот и им нудеа огромни дисконти на политичките партии во претходни изборни циклуси (во ситуација кога јавните, буџетски пари, по разни основи, претставуваа значаен процент од вредноста на вкупниот медиумски пазар“.

„Од друга страна, во општата беспарица во медиумскиот сектор, многу од медиумите на овие одредби гледаат првенствено како на некаква форма на индиректни субвенции, оттаму поплаките дека на претходните избори најголемиот дел од парите отишле кај мал број медиуми со високи рејтинзи (гледаност, читаност, слушаност) наместо да бидат рамномерно, ако не линеарно, распоредени на сите медиуми. Тоа е уште еден аргумент плус зошто целата пракса треба да се напушти, покрај аргументот дека трошењата за реклама не влегуваат во описот на критериуми за мерење на тоа колку фер се изборите“, вели Георгиевски.

извор МЕТА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ