• Latest

ДИК објави конечни резултати во неколку општини, се разгледуваат и приговорите поднесени од политичките партии

November 4, 2021

Како лагата добива изглед на вистина – што е перење пропаганда? (ИНФОГРАФИК)

November 28, 2026

Ден на сеќавање на жртвите на Гладоморот: Историјата на злосторството и враќањето на вистината

November 28, 2026
Вонреден Самит во Брисел 26-27 ноември 2026
(Фото: Европска Унија)

Без договор за буџетот на ЕУ до 2034 година, преговорите продолжуваат во декември

November 27, 2026
Фотографија: Преземено од Pexels

„Ниту една повеќе“: Протестите против фемицидот не се простор за партиска промоција

November 27, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Албанските студенти влегуваат во политиката со иницијатива за нова партија „Обединети за Албанија“

November 27, 2026
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕМОКРАТИЈА ИЗБОРИ

ДИК објави конечни резултати во неколку општини, се разгледуваат и приговорите поднесени од политичките партии

November 4, 2021 22:09
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Државната изборна комисија денеска ја одржа 38-та седница на која одлучуваше по поднесените приговори од подносителите на листи и предлог дополна на заклучок за известување на конечни резултати во неколку општини.

До Државната изборна комисија беа поднесени вкупно 15 приговори поднесени од ДУИ – пет, ТМРО – седум и Група избирачи Енвер Пајазити – три.

ДИК ги разгледа приговорите, при што седумте приговори на ТМРО во Старо Нагоричане беа отфрлени, со образложение дека согласно Член 148 од Изборниот законик не се поднесени преку овластен претставник или лично до архивата на ДИК. Тие се поднесени до општинските изборни комисии, што е спротивно на Изборниот законик, а воедно и не се потпишани од овластен претставник.

По поднесени три приговори на Демократската унија за интеграција за Општина Студеничани, за заштита на избирачко право на подносителите листи, со образложение дека бројот на гласачите не се совпаѓа со вкупниот број на гласачки ливчиња, ДИК одлучи да се отвори материјалот врз основа на член 147, точка 10, за да се види фактичката состојба.

Со објаснување дека приговорите немаат основа, членовите на Комисијата едногласно изгласаа дека се одбиени трите приговори на ДУИ.

Политичката партија ДУИ поднесе и два приговори за Општина Желино, со објаснување дека отпечатоците од прст не се совпаѓаат со бројот на гласачите и оти граѓанин гласал со неважечка лична карта.

Согласно член 148, став 3 ДИК едногласно одлучи да биде отворена избирачката кутија со цел да се утврди дали граѓанинот гласал со неважечка лична карта на избирачкото место 2107, а потоа и да се утврдат неправилностите во гласањето со отпечаток од прст. За да утврди дали имало неправилности Комисијата побара да ОИК од Желино да и достави посебни обрасци на избирачките списоци со решенија за запишување на посебно избирачко право.

По повлекување на приговорите од страна на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за изборните резултати во вториот круг во неколку општини, претседателот на ДИК, Александар Даштевски ги објави конечните резултати во Конче – Златко Ристов од ВМРО-ДПМНЕ, Кочани – Љупчо Папазов од ВМРО-ДПМНЕ, Пробиштип – Драган Анастасов од СДСМ, Чешиново-Облешево – Далибор Ангелов од СДСМ, Шуто Оризари – Курто Дудуш од ЛДП/ДОМ.

Седницата на Државната изборна комисија сè уште трае. Се разгледуваат приговорите на групата избирачи Енвер Пајази за Брвеница.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ