Државната изборна комисија ги објави мерките и протоколите по кои граѓаните на 15 јули ќе можат да го остварат своето гласачко право безбедно по нивното здравје.
„На гласачкото место дојдете со маска!
Маската треба да ја покрива вилицата, устата и носот!
Избегнувајте го поздравувањето со раце и друг физички контакт!
Кога сте на гласачкото место, одржувајте дистанца согласно безбедносните препораки!
На гласачкото место може да има онолку гласачки колку што има паравани за гласање!
Дезинфицирајте ги рацете пред и после гласањето со користење на дезинфекционо средство!
На гласачкото место, членовите на одборот ќе носат заштитна опрема и ќе ги почитуваат правилата за одржување дистанца согласно безбедносните препораки!
Просториите ќе бидат проветрувани!
За време на потврдување на идентитетот на гласачот, истиот ќе треба краткотрајно и безбедно да ја отстрани маската, а потоа безбедно да ја врати назад!
После остварувањето на правото на глас, не се задржувајте на гласачкото место!“, се дел од препораките на ДИК.