Со оглед дека на Државната изборна комисија веб страницата беше под напад, граѓанките и граѓаните останаа без неофицијални конечни резултати, по завршување на гласањето во 21 часот, вчеравечер.
ЦИВИЛ како огранизација која ги мониторираше предвремените парламентарни избори, упати прашање до ДИК, за информација што се случува во моментот и како се одвива процесот на сумирање на гласовите.
„Во моментот во ДИК, се врши проверка на податоците внесени во системот за пренос на податоци со податоците во записниците бр.16 и 21, стандардна процедура пред објавување на конечните неофицијални резултати. Напоменуваме дека се работи за дупла проверка на податоците која ја правиме секој пат пред соопштување на резултати, со цел ДИК да излезе и истите да ги соопшти на седница која ќе биде свикана во текот на наредните часови“, одговорија од ДИК.
Б. Ј.