• Latest

ДИК со првични подготовки за спроведување на предвремените парламентарни избори

June 12, 2020

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕМОКРАТИЈА ИЗБОРИ

ДИК со првични подготовки за спроведување на предвремените парламентарни избори

June 12, 2020 16:30
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

На денешната седница на Државната изборна комисија се разгледуваше барањето на Владата во врска со несогласувањето на министерката за финансии и дополнителната министерка за финансии во однос на тоа дали потпишување на заем меѓу Северна Македонија и Светска банка е финансиско прашање што се однесува на организација на изборите, кое според известувањето на Владата е наменето за справување со последиците од пандемијата со Ковид-19.

https://www.facebook.com/MediumskaInformativnaAgencija/videos/880018692510408/

ДИК едногласно одлучи дека ова прашање нема никакви финансиски ипликации поврзани со изборите и дека нема потреба од врзан потпис на министерката и дополнителната министерка за финансии.

По барање на дополнителната министерка за финансии ДИК повторно одлучуваше за одлуки донесени за унапредување на службеници во министерството, дали се акти на избори, по што донесе одлука дека тие одлуки немаат никакви импликации во изборниот процес. По тужење на оштетената странка и целата судска постапка, Вишиот управен суд ја поништува одлука на ДИК.

ДИК призна дека во нејзината одлука има само техничка грешка, во именувањето на актите, но повторно донесе одлука дека не се работи за нешто што вилијае на организацијата на изборите.

Со новата Уредба од Владата за изборните дејствија од ДИК објаснија дека единствено можат од технички аспект да се подготвуваат за изборите, но не и да донесуваат акти, одлуки и сл. што се директно поврзани со изборниот процес. Односно за останатиот дел од работата на ДИК уште важи претходната уредба на Владата од 21 март, кога се прекинаа сите изборни дејствија на Комисијата.

Како што информираа на седницата, врз основа на оваа Уредба, ДИК ќе испрати дописи до МВР и до управите за санкции и за водење на матични книги за прибирање на потребните податоци за граѓаните.

Борис Кондарко, член на ДИК предложи да се направи драфт верзија на Роковникот, Кодексот што го потпишуваат политичките партии, регулација на платеното политичко рекламирање, едукација на гласачите и на ОИК, како и примената на заштитните мерки и протоколите за заштита од корона вирусот за време на гласање. Сите овие активности треба да започнат уште во понеделник по завршување на вонредната состојба.

Следната седница на ДИК е најавена во недела, 14 јуни.

Б. Ј.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ