• Latest

ДИКовци!

December 7, 2017
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

ДИКовци!

December 7, 2017 15:59
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

„Срамота е ова што го прават“- си шепотеше Дума на седницата со другарчето Милев, кога со низа аргументи, барем тие мислеа дека држат вода нивните објаснувања, Државната изборна комисија образложи на барањето на јавноста, или поточно малку панично се обиде да ја демантира изјавата на Бејли.

Пишува: Биљана Јордановска

И да не останат должни кон јавноста, со бајаги задоцнување го објавија правилникот на нивната веб страница, по кој се „наградија“, и одлуката за надоместок, откако пресметаа која сума е пристојна да ја прикажат, без да бидат премногу шиканирани од јавноста?

Не се проблем парите, и не е проблем дали тие биле распределени законски. Проблемот е за кого и за што се наменети бонусите и наградите.

За прекувремено работење?

Успешно завршената работа?

Душевна болка од притисокот на јавноста?

За спорведување избори што се кредибилни и демократски?

За носење одлуки?

За одговорност и транспарентност?

Или можеби дека Бејли така фино ги оцрни, ги фати во небрано, или што би рекла Бонева, можно е Бејли да има дезинформации, ама еве уште чекаме информација дали воопшто му се обратиле и го прашале што така јавно? – да не им е нешто лут?

Седница-демант.

Добро Дума. Ти држи и тебе вода дека треба да е побитен Извештајот на ДИК за спроведените локални избори. Ама што ново ќе известите што веќе јавноста не знае!?

Дури, слободно може да се каже дека граѓанките и граѓаните знаат и повеќе од она што вие ќе го приложите пред Собранието.

Да не се повторуваме. Да, трошите, трошлии сте. Дека имате право да се лутите? – е баш немате! Допрва да глумите хуманитарци? Доцна е за лудило.

Дека со драго срце ја препуштате наградата, не знам како истото не ве опна додека го перевте образот во вторникот?

Сеедно, одговорност пред сè. Оставките најверојатно ќе ги сонуваме. Не се будали. А одговорноста, најверојатно ќе ја бараат првин од друго место и ќе речат дека имаат право.

Дека тие не се, нели најкорумпираните, најголемите криминалци… има пред нив уште многу.

Или како што вели Чичаковски имате право да се буните, ама не докрај.

Па не може видните членови на ДИК да одговараат за нестручноста на стручната служба.

И така сè ќе спласне до следните избори, кога како и секогаш, веќе ќе е доцна.

 

Tags: бонусиДИКДумаизбориЧичаковски
Share115TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ