• Latest
Ерол Ризаов

Дилетанти за парламентарна демократија

November 24, 2021

Како лагата добива изглед на вистина – што е перење пропаганда? (ИНФОГРАФИК)

November 28, 2026

Ден на сеќавање на жртвите на Гладоморот: Историјата на злосторството и враќањето на вистината

November 28, 2026
Вонреден Самит во Брисел 26-27 ноември 2026
(Фото: Европска Унија)

Без договор за буџетот на ЕУ до 2034 година, преговорите продолжуваат во декември

November 27, 2026
Фотографија: Преземено од Pexels

„Ниту една повеќе“: Протестите против фемицидот не се простор за партиска промоција

November 27, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Албанските студенти влегуваат во политиката со иницијатива за нова партија „Обединети за Албанија“

November 27, 2026
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Дилетанти за парламентарна демократија

Собранието на Социјалистичка Република Македонија од осумдесеттите години во споредба со сегашното ми наликува на Генералното собрание на ОН, на Советот за безбедност на ОН, на Советот на ЕУ, на салата на НАСА од каде што се управува со сателитите што се лансираат во вселената.

November 24, 2021 06:20
in ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА
Ерол Ризаов

Ерол Ризаов

Share on FacebookShare on Twitter

ЕРОЛ РИЗАОВ

Билмез, дудук, шупелка, тапанар, шарлатан, дилетант, аналфабет, аматер, удрен со мокра чорапа, тапа џонс… се синонимите во скопскиот сленг за незнајковци. Во изминатите десетина дена по локалните избори се изнагледавме сеир на целата оваа карикатурална галерија личности кои сме ги избрале да нѐ застапуваат во високата политика што ни ја одредува иднината. Многу веројатно дека и тие со право истото го мислат и за нас штом упорно ги избираме, ги поддржуваме и наместо да ги исмејуваме и да им го свртиме грбот и по три децении повеќепартиска парламентарна демократија сѐ уште им веруваме, дури на тоа дека локални комунални избори биле исто што и парламентарни. Мала утеха е дека паметните се секогаш „малцинство“.

Деновиве гледајќи ги и слушајќи ги нашите парламентарци и политичари и од власта и од опозицијата повеќе пати се присетив на работата на Собранието на Социјалистичка Република Македонија од чии седници во осумдесеттите години на минатиот век сум известувал многу пати. Тоа е она комуњарско, комунистичко еднопартиско, едноумно Собрание, кое во споредба со сегашното ми наликува на Генералното собрание на ОН, на Советот за безбедност на ОН, на Советот на ЕУ, на салата на НАСА од каде се управува со сателитите што се лансираат во вселената.

Повеќе безумие од едноумие

Помладите можат да помислат дека претерувам во споредбите, но повозрасните сигурно паметат дека едноумието, ама ич не беше едноумие, а ова што деновиве го доживеавме е многу повеќе од безумие.

Расправите и полемиките во тогашното еднопартиско Собрание кои се одвиваа во трите собори и на пленарните седници било да се работи за буџетот и економијата, било за односите во федерацијата, за програмите, предлог-законите и одлуките на владата, за мерките на Сојузната влада, за погрешните инвестиции, за односите меѓу развиените и неразвиени општини, за образованието, за здравството, за социјалната политика, сѐ уште се недостижни за новите примитивни популисти и борци за освојување на власта. Не им се ни до колена во острината на аргументацијата, ни во презентација на фактите, во критиките на владата, а најмалку во политичката и комуникациската култура.

Мислам дека МРТВ би приредила цивилизациски шок ако пушти неколку инсерти од расправите и начинот на одлучување од тогашното едноумно и еднопартиско Собрание. Се разбира, доколку и тој дел од современата македонска историја не завршил на некое сметиште, или отпад.

Тажно е сознанието дека и првите повеќепартиски собраниски состави беа подобри пред 30 години во споредба со сегашните партиски аминџии. Иако и пратениците и министрите и премиерите и медиумите се учевме во од што е повеќепартиска парламентарна демократија, сето тоа беше многу поинтересно, повозбудливо, подостоинствено од сегашните валкани и подземни диверзии на партиските раководства за освојување на власта во делот за кој граѓаните не гласаа. Ние биравме градоначалници и советници, а тие сакаа да ни изберат нова влада.

До победата и по неа

Еве како изгледа ранг-листата на копродукцијата на најновиот македонско-албански филм: до победата и по неа – втор дел.

Прво, премиерот Зоран Заев сосема непотребно и избрзано ја обзнани ветената оставка меѓу двата изборни круга под услов доколку „падне“ Скопје. Тоа беше повеќе емотивен отколку осмислен чин.

Претседателот на куќен совет не може партиски да управува со една зграда, а не градската управа во една, која било, општина. Самораспуштањето на коалициска влада која има уште две и пол години мандат со најавената оставка на премиерот и претседател на СДСМ, предизвика поголем потрес отколку поразот на локалните избори. Само во оваа година има примери во повеќе европски држави каде што владејачките партии ги изгубиле катастрофално локалните избори, па ниту еден премиер, или претседател на држава не поднесе оставка. Тоа се случи и во најразвиените западноевропски држави со најголема демократска традиција – Франција и Германија. Партијата на претседателот Емануел Макрон не ги доби изборите во ниту една општина, ни на крај памет ниту нему, ниту на неговите политички противници не им дојде да бараат оставка. Тоа беше првата дилетантска грешка на Заев, која ја исправи донекаде кога се соочи со последиците кои ги засегаат државните интереси, коалициските односи и конечно со интересите на партијата на чие чело се наоѓа.

Најголемиот дилетантизам го приредија Христијан Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ. Јавнати на крилјата на големата победа на локалните избори посакаа, наврат нанос, да ја освојат и парламентарна власт со ново мнозинство. Ќе речете, со право тоа е легитимен и демократски чин. Така е ама за тоа треба 61 пратеник. Наместо да јаваат на бранот од локалните избори и да ја бараат ветената оставка се полакомија веднаш да ја завршат работата со 61 ветен потпис на крајно спротивставени политички партии и идеологии. Мицкоски се втурна во аналфабетска авантура поставувајќи ултиматум до 14.30 часот на 11 ноември кога премиерот Заев треба да ја достави оставката до Собранието. Со тоа Мицкоски автоматски ја анулира оставката и ја направи беспредметна. Штом веќе не ја прифаќа оставката по 14.30 часот и бара пад на владата со мнозински гласови во Собранието оставката повеќе нема никакво значење.

Демократија е кога недостига и еден глас

Ваква политичка наивност и брзоплетост досега не сме виделе. Сѐ падна во вода поради отсуството на еден пратеник од коалицискиот партнер во владата – Кастриот Реџепи. Нема кворум за почеток на собраниската седница, нема мнозинство. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски по овој лупинг ја прифатија уште понаивната и кусогледа доктрина да прогласат дека Реџепи е киднапиран, уценет и се држи под закана. Неговото појавување дека одлуката ја донел во интерес на државата уште побрзоплето е прогласена дека е искажана под притисок, небаре некој му ставил пиштол на челото.

Човекот, по тешкиот викенд, се појави жив и здрав и ги потврди своите убедувања дека бил изложен на притисоци, но од другата страна, оневозможувајќи му да ги искаже своите убедувања.

Од партијата БЕСА пак стасаа најголемите аналфабетски курсисти од вечерното училиште на Макаренко. Испадна работата дека во партискиот врв не знаеле дека се сојузници на режимот. Влегле во првата историска предизборна коалиција со СДСМ и со ДУИ боси по трње, ем опозиција кон ДУИ, ем во владата со СДСМ. Му доаѓа како лубен диња. Кога намирисале дека владата ќе падне, кренаа востание против режимот во кој имаат министри и функционери. Да не може човек да се изначуди. Прво искажаа голема загриженост за киднапирањето на својот пратеник Реџепи, а утредента го разрешија од партијата безмалку како да е предавник. Оди сега ти види го капацитетот на партиските водачи, кои во еден миг се почувствуваа толку значајни што помислија дека вршат историска мисија со уривањето на владата.

Левица и Димитар Апасиев откако многу кооперативно ги повлекоа своите потписи од списокот за пад на владата, за да не ги вознемируваат новите партнери од БЕСА, прифатија да не бидат во центарот на вниманието што никако не се совпаѓа со стратегијата на досегашното дејствување да не им се попушта ни на големите играчи, а да не зборуваме за политички аутсајдери. На Апасиев на крајот од овој дебакл не му преостана ништо освен да најави радикализација во третото полувреме.

Како ќе заврши оваа комунална драмолетка? Вистината е многу банална и засега никој гласно не ја соопштува. Најмалку 100 пратеници не сакаат предвремени и брзи избори бидејќи не се сигурни дали повторно ќе бидат на листите за парламентарни избори. Примањата и привилегиите се големи, а уште две и пол години не се малку. Сите тие навиваат некако да се стокмат 61 пратеник за какво-такво мнозинство и да се истера работата до крајот на мандатот. Тоа ќе ја одреди и судбината на владата и на власта.

Суштината е во тоа што ќе се случува наредните неколку месеци, иако е извесно дека сегашните коалициони партнери во владата ќе обезбедат парламентарно мнозинство. Најпресудно за стабилизирање на состојбите во земјата ќе зависи од успешноста на имунизацијата и справување со пандемијата, со енергетската криза, со ублажување на зголемените трошоци од поскапувањата и со добрите постизборни сигнали од Бугарија и почетокот на преговорите со ЕУ. Евентуалните блокади од опозицијата на овие активности ќе го намалат значајно капиталот стекнат од локалните избори. Враќањето на нормалноста е попримамливо од поттикнување на радикализација и неизвесност.

DW – Дојче веле на македонски јазик

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ