„Евентуални предлози за уставни измени кои би се однесувале на бришење на формулацијата „јазикот кој го говорат 20 %“ за мене се неприфатливи, бидејќи го подриваат фундаментите на кој почива Охридскиот рамковен договор, за кој сметам дека е сто посто реализиран“, рече во интервју за белградскиот весник „Политика“ претседателскиот кандидат на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски.
Според Димистриевски секој предлог за менување на сегашниот начин за избор на Претседател на Републиката за него е неприфатливо.
Исто така за него е нерпифатливо било каква уцена за менување на Уставот во кој ќе се внесе дел од бугарскиот народ, но, рече тој, имам против ставовите на бугарските власти со кои се негира постоење на македонскиот јазик и се тврди дека е дијалект на бугарскиот и дека имаме заедничка историја.
Токму поради политиките коишто ги спроведува актуелната власт, решив да го формираме политичкиот субјект – Движење ЗНАМ – За наша Македонија, кој се темели на два историски столба, Илинден и АСНОМ. За разлика од постојните политички субјекти кои не се базираат на идеологија, туку на клиентелизам и неконзистентност.
Н. А.