Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово, беше дел од одбележувањето на 9 мај, „малата војна“ во Диво Насеље со учество на панел-дискусијата „Диво Насеље, три години потоа…“ во организација на ЦИВИЛ.
„На Куманово државата му должи одговор и да каже кој беше сценаристот, а кој режисерот на кумановските настани. Од позиција на градоначалник, јас самиот се обидувам да создадам слика во Куманово граѓаните да го заборават овој акт што побрзо“, изјави Димитриевски.
Градоначалникот истакна дека никој што во тоа време ја имал командната одговорност на полициската поставеност, која претрпе огромни губитоци, не поднел оставка. Паралелно со ова, како што рече Димитриевски, голем број од полициските лица биле финансиски наградени за самата постапка.
Камера: Дехран Муратов
Монтажа: Биљана Јордановска