• Latest

Димитров: Нашиот случај е тест за Унијата дали ние на Западен Балкан ќе можеме да и веруваме на ЕУ

May 14, 2021

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Димитров: Нашиот случај е тест за Унијата дали ние на Западен Балкан ќе можеме да и веруваме на ЕУ

May 14, 2021 13:06
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Нашиот случај е тест за Европската Унија дали ние во регионот на Западен Балкан ќе можеме да и веруваме на ЕУ и дали ветувањето за европската перспектива на регионот, дадено во Солун во 2003 година и повторено во Софија во мај 2018, се уште важи. Ние имавме безусловна политичка одлука од март минатата година од сите земји-членки дека треба да ги почнеме преговорите за членство, но ова се уште не е реалност.

Ова денеска го истакна вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров на панелот насловен „Остварување на долгоочекуваното ветување“ во рамки на Делфи економскиот форум во Атина, на кој учествуваше и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.

За Димитров, прашањето за спојување или раздвојување на Северна Македонија и на Албанија на некој начин е погрешно.

-Мислам дека огромно мнозинство од земјите-членки се за одржување на две меѓувладини конференции со нас и со Тирана, ова е заедничка цел, ова е нешто за кое работиме. Двете земји исполнија се што беше наложено, процесот на пристапување треба да се заснова на постигнувања, и мислам дека е крајно време да почнат пристапните преговори. Ние сме земја која најдолго чека. Ја потпишавме Спогодбата за стабилизација и асоцијација по Словенија, пред Хрватска, двете земји се земји-членки подолго време, ние сме земја кандидат 16 години, Албанија шест години и имавме многу негативни преседани во нашата европска сага, истакна Димитров.

На прашањето на новинарот на панелот дали е можно решение во наредните неколку месеци со Бугарија и што досега македонската Влада има направено и планира да направи за да ги зголеми шансите за договор, и дали решението е само до Софија, Димитров вели дека ова во моментов е клучно прашање.

-Овој пат влогот е голем и станува невозможно да се одржиме и да продолжиме да зборуваме за европската перспектива за граѓаните на Северна Македонија, влогот е голем и за Европската Унија бидејќи ветувањето е тука и ако ветувањата не се исполнат тоа испраќа многу негативна порака. Најголемиот влог е до нас, бидејќи ние сакаме да го почнеме европскиот пат. Но влогот е голем и за Бугарија и за пријателството меѓу двете земји. Ќе биде природно за нашите соседи, кои се и членки на ЕУ да имаат најголем интерес од европска Северна Македонија, од успешна приказна во нивното соседство и сметам дека од оваа перспектива треба да пристапиме и да го ревитализираме ангажманот со Софија, рече Димитров.

Според Димитров, иако сега таму има техничка Влада, нови избори на 11 јули, но и претседателски избори наесен, како и избори во разни земји членки, не треба да се изгуби моментумот и да се чека.

-Мислам дека после сето ова немаме луксуз да кажеме дека ќе чекаме. Треба да се обидеме да го зграпчиме, моментот, да најдеме начин да ги надминеме пречките, и јас ова го гледам како „вин-вин-вин“, или „луз-луз-луз“, сценарио. Немаме сценарио каде Бугарија ќе добие, а ние ќе изгубиме, или и двете сме добитнички, или двете губитнички. И Европската Унија е во истата кошница со нас. Се обидовме со еврокомесарот Вархеји, претходно со германското претседателство, сега е португалското претседателство, и сметам дека имаме можност да го вратиме моментумот на европската идеја на Балканот и не смееме да го изгубиме тој моментум, истакна Димитров.

Потсети дека земјава досега има многу направено, го реши 25-годишниот спор со Грција, за кој доби и меѓународни и европски признанија, а исто така потпиша и Договор за пријателство со Бугарија и дека сме посветени на негова имплементација и, како што рече, навистина е крајно време да го почнеме овој пат.

-За мене, како прв човек на СЕП, ми е многу тешко да зборувам за европската перспектива, ако ЕУ не испорача, бидејќи ние тогаш не можеме да испорачаме на граѓаните, заклучи Димитров на панелот „Остварување на долгоочекуваното ветување“ во рамки на Делфи економскиот форум во Атина.

Еврокомесарот Вархеји, пак, на прашањето на новинарот дали смета дека ако нема договор за Скопје и Тирана, барем Албанија да започне со преговори, дали е подобро еден отколку ниеден и дали има согласност во Комисијата за ова прашање, Вархеји одговори дека добра вест е што земјите-членки сакаат да ги почнат првите меѓувладини конференции со двете земји.

-Ова е позитивен развој на настаните кој е основа на која сме подготвени да работиме. Се уште имаме неколку седмици пред нас и се надевам дека во јуни ќе имаме договор за двете земји за отпочнување на првата меѓувладина конференција. Но за тоа ќе треба сите земји-членки да се согласат. Тоа е таков процес и работиме на тоа да ја обезбедиме поддршката од сите земји-членки за двете земји, рече Вархеји.

Во однос на неговата изјава за разделување на Скопје и Тирана, Вархеји рече дека „тоа е констатација на она што е веќе очигледно“.

-Ако не успееме да обезбедиме договор за двете земји, неизбежно е дека ова прашање ќе биде истакнато и ќе треба да дадеме одговор. Во меѓувреме работиме и правиме напори и за двете земји, истакна еврокомесарот Вархеји на Делфи форумот во Атина.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ