• Latest

Димитров: Очекуваме засилен ангажман на португалското претседателство за одблокирање на евроинтеграцијата

May 18, 2021

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Димитров: Очекуваме засилен ангажман на португалското претседателство за одблокирање на евроинтеграцијата

May 18, 2021 09:09
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров изјави дека очекува засилен ангажман на португалското претседателство за спроведување на одлуката на Советот од март минатата година за отворање на  преговорите за пристапување на земјата во ЕУ.

-Имаме сигнали дека ќе има позасилен ангажман на португалското претседатлество. Бидејќи дипломатијата зад затворени врати, на некој начин, дава поголеми шанси, не знам колку е мудро од моја страна повеќе да кажам, меѓутоа, чесно е да најавиме дека очекуваме засилен ангажман од португалското претседателство кое што мислам дека има добра волја. Далеку се географски, нивната позиција на чесен посредувач е јасна – сакаат успех и сакаат да го завршат тоа што го почна германското претседателство и да ја спроведат одлуката на Советот од март, минатата година, вели Димитров во интервју за емисијата „360 степени“ за Алсат ТВ.

Тој посочува и дека има извесни и директни контакти на различни нивоа, директно македонско-бугарски контакти, за кои, вели, има изгледи тие да се засилат во претстојниот период.

Запрашан зошто смета дека актуелната бугарска техничка Влада би била соодветен партнер за постигнување евентуален договор, односно компромис што би отворило пат за усвојување на преговарачката рамка и одржувања на првата меѓувладина конференција, вицепремиерот Димитров вели немаме луксуз да не се обидеме.

-Јасно е дека ситуацијата не е идеална и овој политички контекст има предизвик.Меѓутоа, исто така, е јасно дека ако обидите ги синхронизираме со изборите – кај нас има локални, Бугарија по овие втори параламентарни ќе има претседателски избори, Германија има парламентарни, Франција има претседателски избори пролетта идната година, тогаш многу тешко ќе биде да најдеме период каде нема да има избори за да се обидеме. Мислам дека толку е голем влогот и толку време поминува што немаме луксуз да не се обидуваме. Оваа проценка не е само наша, ова е проценка на многу земји членки, на институциите во Брисел и мислам дека во следниве денови и недели ќе видиме засилен ангажман во оваа смисла да видиме што е можно за да успееме да го вратиме односот во шините на блискост и пријателство со соседите и ЕУ да испорача кон Балканот, да се обидеме да ја свртиме динамиката кон подобро, која што ја губиме. Бледнее за жал европската идеја на Балканот, вели Димитров.

Наша обврска е, вели тој, да направиме се што можеме да обезбедиме пробив сега.

-Мислам дека е вистина крајно време Северна Македонија да ги започне преговорите со ЕУ, дециден е Димитров.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ