• Latest

Димитров: Потребен ни е процес за да се европеизираме

October 14, 2019
Германски и советски војници фотографирани заедно неколку дена откако советските единици влегоа во Полска. Фото: Јавен домен / Wikicommons

Пропаганда и негирање: Како Русија ја правда својата инвазија на Полска во 1939 година, во договор со Хитлер

September 17, 2025
Фото: ЦУК

ЦУК: Под контрола пожарите во селото Трубарево и во Дрисла, активни пожарите во селата Виниче, Петрово, Вражале и Крушево

September 17, 2025
Дел од „пакетот“ американска воена помош за Украина, 20 јануари 2022 година. (photo source: Wikimedia Commons / photo by Mauricio Campino)

Администрацијата на Трамп одобри прва помош во оружје за Украина финансирана од НАТО сојузниците

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

ЕУ крои план за ограничувања на трговијата со Израел поради војната во Газа

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на ONT TV Channel

Руските војници почнаа да ја напуштаат Белорусија по вежбите „Запад-2025“

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Поранешна шефица за здравство на САД: РФК помладиот ме отпушти кога не сакав да отпуштам персонал за вакцинирање без причина

September 17, 2025

24 ЧАСА: Уставен не поведе постапка за Правилникот на ДИК; Србија прва во ЕУ по кршења на медиумската слобода; Навални бил отруен; Фемицидот во Северна Македонија – невидливо злосторство и глуви институции

September 17, 2025
Фото: Скриншот

MFRR: Србија е на прво место во Европа по бројот на кршења на слободата на медиумите

September 17, 2025

„Стела“ повикува на протест пред МВР против колективниот системски крах кој дозволува континуирано насилство врз жени што доведува до фемициди

September 17, 2025
Тануја Пандеј, 24-годишна активистка за заштита на животната средина, една од организаторите на протестот. Фото: Скриншот од видео на Al Jazeera English

Политичарите се богатат додека ние страдаме – Генерацијата Z во Непал ја собори владата за помалку од 48 часа

September 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Димитров: Потребен ни е процес за да се европеизираме

October 14, 2019 17:11
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, се обрати пред комисијата за надворешни работи на Европскиот Парламент каде побара од Европската Унија да го исполни ветувањето за отворање на преговорите за членство дадено во јуни 2018 година.

Министерот порача дека Европската Унија треба да продолжи да влијае позитивно врз реформскиот процес во регионот, и дека поради тоа е важен нејзиниот кредибилитет во однос на Северна Македонија, кога четиринаесет години е земја кандидат за членство, со десет последователни препораки за отпочнување на преговорите со ЕУ.

Димитров истакна дека доколку оваа недела нема позитивна одлука за старт на пристапните преговори со Унијата, „нема да биде лесно“ да се продолжи со истата политичка енергија во земјата, но и дека тоа ќе значи голема разочараност за самите граѓани.

„Потребно ни е горивото кое доаѓа со таквото политичко охрабрување за да продолжиме да се движиме во правата насока“, изјави Димитров пред европратениците.

Тој изрази поддршка и за барањата на Франција за промена на методологијата за преговарчкит процес.

„Луѓето немаат што да изгубат ако пристапниот процес биде предмет на поголем надзор, немаме што да добиеме ако утре Советот каже дека можеме веднаш да станеме земја членка, ќе бидеме истата земја, нам ни е потребен процес да станеме повеќе Европејци, го поддржуваме ова, но ако вториот столб е кредибилитетот, првиот е перспективата“, изјави министерот за надворешни работи.

Министерот потсети на важноста на сигналот за старт на преговори за целиот регион и кредибилитетот на Унијата во истиот.

 

Поддршка за Северна Македонија беше изразена од речиси сите европратеници кои побараа збор по обраќањето на Димитров, освен од бугарски пратеник кој предупреди дека земјата сѐ уште не е подготвена.

Француската пратеничка од редовите на партијата на Емануел Макрон и поранешна министерка за европски прашања, Натали Лоазо, порача дека Северна Македонија и припаѓа на Европската Унија од секој аспект и рече дека ја разбира важноста да се задржи европската перспектива за да се поддржат реформските сили во земјата, но таа уште еднаш потсети и на потребата од внатрешна реформа на ЕУ.

„Нашата куќа не е средена, имаме тензии, не смееме да ги премолчиме и да глумиме дека проширувањето  е лесно, за да успее проширувањето треба да си ги дадеме себеси средствата, да ги избегнеме лесните и демагошки дискурси дека е важно сега да се отворат преговори, и не е важно колку време ќе траат. Долги преговори исто толку доведуваат до очај“, истакна пратеничката Лоазо.

Таа го праша Димитров дали доколку Северна Македонија сега беше членка на ЕУ ќе застанеше зад заедничкиот став на Унијата за Турција со кој се осудува нападот врз северостичниот дел на Сирија.

Министерот одговори дека “со голема загриженост“ се следи ситуацијата, посебно поради тоа што Северна Македонија ќе биде на удар доколку дојде до повторна миграциска криза.

„Ќе се изразам без претходно усогласување со Владата, но би рекол дека целосно би ја усвоиле позицијата на ЕУ“, одговори министерот за надворешни работи.


извор МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    239 shares
    Share 96 Tweet 60
  • Крвави лица на Мицкоски, Тошковски и Јанев на страницата „Убијците на Кочани“ – ВМРО-ДПМНЕ бара истрага

    168 shares
    Share 67 Tweet 42
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    145 shares
    Share 58 Tweet 36
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ