• Latest

Димитров – Рикер: Северна Македонија се наоѓа на вистинскиот пат

July 26, 2019
Фото: Фејсбук на Арбен Травари

Таравари си замина од владата на Мицкоски без испиено „сиктер кафе“

May 13, 2025

Денес: Вестминистерскиот сојуз за Украина се состанува во Лондон и онлајн за да ги зајакне демократското единство и поддршката за Украина

May 13, 2025

АНАЛИЗА: Внатрешниот долг за три месеци зголемен за 25,5 милиони евра

May 13, 2025
Фотомонтажа: Д. Мишев/ЦивилМедиа

Влатко Ѓорчев сега не го интересира изгор цената на црешите, важно краставиците да се евтини

May 13, 2025

Полска ќе му забрани влез на Додик

May 13, 2025

Нема да има реконструкција на Владата, ќе има само смена на министри

May 13, 2025

Јасна осуда на руската инвазија и дијалогот со Косово се клучни за европскиот пат на Србија, рече Кошта

May 13, 2025
Проф. д-р Љубомир Фрчкоски

(ДЕМАНТ) Фрчкоски: Срамен притисок врз критичарите на власта

May 13, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за излегувањето на Таравари од владата?

May 13, 2025
Фото: Скриншот Х

(ВИДЕО) Израел бомбардираше болница во Газа, „Хамас“ тврди дека меѓу убиените паценти е и новинарот Хасан Аслих

May 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Димитров – Рикер: Северна Македонија се наоѓа на вистинскиот пат

July 26, 2019 12:14
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Поддршката на САД за евроатлантските интеграции на Северна Македонија беше и останува суштинска за постигнувањето долгорочна стабилност, натамошна демократизација и просперитет на земјата и на регионот, порача министерот за надворешни работи Никола Димитров на денешната средба во Скопје со в.д. помошникот државен-секретар на САД за Европа и Евроазија во американскиот Стејт Департмент, Филип Рикер, кој престојува во работна посета на Република Северна Македонија.

– Вашата посета се случува во многу важно време за земјата и само ден по вчерашнато усвојување на Пристпаниот протокол за членство на нашата држава во НАТО од страна на Комитетот за надворешни работи на американскиот Сенат, рече Димитров.

Вршителот на должноста помошник државен-секретар на САД за Европа и Евроазија во американскиот Стејт Департмент, Филип Рикер, истакна дека Република Северна Македонија и САД „отпочнуваат нова етапа во меѓусебните односи и соработка како сојузници во Алијансата“, потенцирајќи дека Северна Македонија се наоѓа на вистинскиот пат.

Тој, информираат од МНР, ја нагласи неопходноста од продолжување на реформите во насока на зајакнување на севкупниот капацитет на земјата, вклучително и во доменот на правосудството и борбата против корупцијата. Рикер ја реафирмираше силната поддршка на САД за остварување на стратешките цели на Република Северна Македонија – полноправното членство во НАТО и ЕУ, и додаде дека вчерашната поддршка на Комитетот за надворешни работи во Сенатот е уште една потврда за тоа.

На средбата беше направен пресек на билатералните односи меѓу двете пријателски земји, а детално беа елаборирани и прашања од доменот на евро-атлантската интеграција на Република Северна Македонија. Беа разменети и мислења за актуелните политички состојби во земјата и во регионот. Соговорниците ги оценија билатералните односи како исклучително цврсти и пријателски, засновани на стратешко партнерство и соработка во повеќе значајни области. Беше искажан заемен интерес за постојан политички дијалог и за натамошно унапредување на севкупната соработка. 

Извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ