• Latest

Димитров се сретна со Рот и Хекер, порака за заеднички напори за преговори со ЕУ со паралелен фокус на домашните реформи

January 30, 2020

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Димитров се сретна со Рот и Хекер, порака за заеднички напори за преговори со ЕУ со паралелен фокус на домашните реформи

January 30, 2020 14:00
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во неколку наврати изминатава година и половина бевме исклучително блиску до постигнување успех и валоризација на заедничките напори за отворање ЕУ преговори со Северна Македонија. Доколку сакаме да се даде натамошно охрабрување на реформските процеси и да не дојде до поткопување на значајните достигнувања кои земјата ги постигна, како и да се сочува кредибилитетот и влијанието на ЕУ во регионот, неопходно е да се зграби првата следна прилика за донесување на долгоочекуваната и заслужена одлука.

Тоа го нагласил министерот за надворешни работи Никола Димитров на средба со државниот министер при Сојузното министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија, надлежен за Европа, Михаел Рот, во рамки на првиот ден од работната посета на Берлин.

На средбата, соопштија од МНР, бил направен рекапитулар на актуелните состојби во Северна Македонија, регионот на Западен Балкан, како и на ниво на ЕУ во однос на дискусиите со новата методологија за пристапни преговори и изградбата на консензус меѓу земјите-членки за одлука за почеток на преговорите.

 

Министерот Рот посочил дека ја споделуваат разочараноста заради неможноста Северна Македонија да го направи заслужениот чекор напред.

– Ќе ги продолжиме заедничките напори за постигнување на оваа цел во одлучувачкиот период пред нас. Паралелно, фокусот да се задржи на ЕУ реформите дома, рекол Рот.

 

Шефот на дипломатијата Димитров остварил средба и со Јан Хекер, советник за надворешна политика на канцеларката Ангела Меркел, на која била истакната недвосмислената поддршка на Кабинетот на Канцеларката за отворање на пристапните преговори со Северна Македонија.

 

Посетата на Берлин продолжува и утре, со учество на Втората средба од висок ранг на германско-француската иницијатива за сеопфатна контрола на мало и лесно оружје во земјите од Западен Балкан, а предвидени се и средби на маргините на конференцијата. Воедно, министерот, како што е најавено, ќе учествува и на работен ручек, организиран од германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас.

Извор: МИА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ