Билатералната соработка со САД, актуелните состојби во Република Македонија, како и во регионот ќе бидат теми на денешните средби на шефот на македонската дипломатија Никола Димитров со високи претставници на американските власти.
Димитров, според агендата, ќе има средба со помошник-државниот секретар за Европа и Евроазија во Стејт департментот, Вес Мичел. Тој ќе се сретне и со заменик-помошникот државен секретар за Европа и Евроазија Хојт Брајан Ји.
Предвидени се и средби со Моли Монтгомери, специјален советник за Европа и Русија во канцеларијата на потпретседателот на САД Мајк Пенс и Строуб Талбот од Брукингс Институтот. За утре е предвидено одржување на конференцијата Atlantic Council, а на еден од панелите на конференцијата ќе се обрати и Димитров. Предвиден е лајф стриминг на веб страницата на Atlantic Council.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.