• Latest

Димитров за упадот на Стоилковски: Ова ниво може да продуцира политичко насилство

July 1, 2020

Кога протоколот ја отсликува надворешната политика

August 8, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Два залaка и чувство на сопственост

August 8, 2026
Зеленски - Вучиќ, Тирана, февруари 2024 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Србија – Украина: Цената на Вучиќ

August 7, 2026
Илустрација ВИ

Безбедносно тестирање: Напредните AI модели покажаа автономно измамничко однесување, експертите бараат построга регулација

August 6, 2026

Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

August 6, 2026
Фото: Архива

По жестоките руски напади: НАТО работи на итна испорака на противвоздушна одбрана за Украина

August 6, 2026

Сите цистерни со сертификат, нема штета: Што покажуваат доказите за „Мазут“?

August 6, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Ватос – капина или како стигнавме до таму, змиите да ни бидат друштво

August 6, 2026
Тематска дебата на СДА Македонија, 30 јули 2026 (фото: ЦИВИЛ)

СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО ОРБИТАТА НА СРПСКИОТ СВЕТ: Европскиот пат блокиран, изолацијата станува државна политика – дебата на СДА Македонија

August 5, 2026

РУСКИ ТЕРОР ВРЗ КИЈИВ: Најмалку 17 загинати и 44 повредени во нов масовен напад со ракети и дронови

August 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Димитров за упадот на Стоилковски: Ова ниво може да продуцира политичко насилство

July 1, 2020 16:21
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Кандидатот за пратеник и носител на листа на СДСМ во ИЕ 1 Никола Димитров, денеска на својот Фејсбук профил реагираше за вчерашниот упад на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски на неговата прес-конференција.-Безобразниот упад на портпаролот на Здружението на мојата вчерашна прес-конференција веднаш го разбрав како обид за дефокус од клучните теми – правда и казнивост. Ако беа подготвени да измачкаат раце со крв и да нападнат институции само за да не одговараат, се разбира дека се подготвени да прават кловнови од себе. Но, ако убаво размислиме зад овој врвен примитивизам се кријат и многу други опасни пораки и за граѓаните и за земјата, напиша Димитров на Фејсбук.

Според него, ваквото поимање и практикување на политиката, кога битката се гледа низ личен судир и девалвација, кога идејата водилка е провокација на противникот, кога главното остварување е заедничко
валкање во калта, во општества со олку силна поларизација може да биде исклучително опасно.

-Вчера многу пријатели ми велат – само јас сум имал нерви да останам смирен на тоа безобразие. Но, токму тоа ме загрижи. Зарем политичкото милје ќе го сведеме на тест за тоа кој има повисок праг на толеранција и почелични нерви!? Не зборувам тука само за тоа што на овој начин кампањата станува шунд и евтин театар на сметка на суштински обраќања до гласачите, туку на опасната порака што се праќа до поддржувачите од сите бои – дека ова „ниво“, што реално може да продуцира политичко насилство, не само што е дозволено туку е и поттикнато директно од партиски функционери.

Додава дека „оваа бесрамна согласност за бербатење на сопствениот политички образ само за да се фрли некоја валканица на лицето на противникот, го открива вистинскиот нивен лик – на насилство,
примитивизам и регрес, на слугување, на себепонижување и копање во дното“.

-Мене ми е срам, јас како граѓанин сум навреден, што луѓе од овој сој коишто во секое општество во 21 век се на екстремистичките политички маргини, кај нас денеска се во позиција да трчаат за сериозни политички функции. Затоа, ова не смееме да го дозволиме и да се залажеме да помислиме ова да го сведеме на обичен театар и на 2пуштете ги, тоа им е нивото“, пишува Димитров.

Димитров на крајот додава дека „одговорот треба и ќе го добијат на 15 јули во форма на масовна излезност и гласови за конечно да ставиме точка на оваа политичка беда“.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ