• Latest

Димитровска: Лицата со попреченост не се заштитени од корона вирусот

March 22, 2020

Репортери без граници: Непријателите на слободата на печатот во 2025 година

November 4, 2025
Скриншот оd видео на CNN

Главните кандидати, Мамдани и Куомо гласаа на клучните избори за градоначалник на Њујорк – ран тест за претседателството на Трамп

November 4, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
Скриншот од видео на ABC News (Australia)

Скандал го тресе Израел: Главната адвокатка на војската уапсена поради протекување на видео за малтретирање на палестински притвореник

November 4, 2025
Скриншот од видео на Воздушните напаѓачки сили на Украина/Фејсбук

Руските сили убиваат невооружени цивили кои одат со бело знаме во регионот Харкив

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Димитровска: Лицата со попреченост не се заштитени од корона вирусот

March 22, 2020 12:15
in ВЕСТИ, КОВИД-19, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Благица Димитровска од Здружение за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“, Куманово, во разговор за ЦИВИЛ Медиа истакна дека лицата со попреченост воопшто или многу малку се заштитени затоа што спаѓаат во категорија на граѓани што можат да дојдат во допир со Ковид-19 односно со лице што може да биде заразено со короона вирус.

„Досега немаше сет на мерки за граѓаните со попреченост. Секаде се спомнуваат оние медицински дијагнози што се ризични, но ги нема граѓните со попреченост, 90% од нив имаат пропратна хронична болест. Во оваа група граѓани спаѓаат и луѓето со ретките болести кои досега воопшто не се спомнати. Ги прашувам надлежните дали оваа група граѓани повторно е заборавена кога е исто така во голем ризик. Постојат многу иницијативи од граѓански здружение каде што се реагира на децата и родителите чии деца се со попреченост, а се во работен однос, да се ослободат од работа“, изјави Димитровска

„Најголем дел од лицата со попреченост од мали не примале вакцини и се поизложени на вирусни заболувања. За овие лица обично се грижат родиделите кои доколку се во работен однос можат да бидат изложени на вирусот и како носители да го пренесат на своите деца… Во дневните центри има вработени луѓе кои се стручни лица. Сега гледаме во општините дека се нуди поддршка на стари лица, изнемоштени лица во домашни услови со носење на храна. Лицата со попреченост што живеат сами не можат ни да зготват храна сами. Луѓето што би донеле храна, ако бидат повикани или се обезбеди мерка за нив, воопшто не се обучени ниту за комуникација со оваа категорија на граѓани, ниту за поддршка. Затоа е добро овие стручни лица да се искористат за поддршка на лицата со попреченост во домашни услови.

Што со личните асистенти? Дали тие ќе можат да даваат 24 часовна поддршка на лицата со попреченост, некои од нив се и цели семејства со попреченост што воопшто не смеат да излезат надвор. Прашањето од самите лица со попреченост и нивните родители е нивното здравствено лекување и лекарствата, што дел од нив ги користат добени од страна. Како државата ќе преземе мерка овие лекови да ги набавува и да ги доставува до семејствата. Дел од тие лекови се многу скапи и се со конзилијарно мислење од тим на специјалисти. Тоа конзилијарно мислење истекува за една година дали тоа ќе се продолжи, на начин на кој продолжуваат да важат личните карти и други документи…. “, се само дел од проблемите што ги наведе Димитровска, а ги мачат лицата со попреченост во оваа вонредна состојба и ризикот од Ковид-19.

Димитровска, посочи дека барем во Општина Куманово мерките не се почитуваат, оној дел со шетање по гратскиот кеј со мали деца, како ништо да не се случува. Таа додаде тека се потребни поригорозни мерки за заштита од корона вирусот и поголема ажурност на иниституциите.  Таа порача Центрите за социјална работа да излезат на терен, да видат на кои ризични категории им е потребна помош, вклучително на ризични групи лица со попреченост и да им се обезбеди бесплатна храна и лекови.

Биљана Јордановска

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    176 shares
    Share 70 Tweet 44
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ