• Latest

Димитровска: Тече рокот за доставување на бараната документација до ДКСК за патувањето на синот на Мицкоски во Вашингтон

July 18, 2024
Фото: Скриншот од видео на Алсат М

Дерала за Алсат М: Изборите изгледаат добро само на површината – националистичката реторика буквално ги замени сите други слогани

October 31, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Пентагон даде „зелено светло“ за „Томахавк“ за Украина, конечната одлука е кај Трамп

October 31, 2025

Трамп потврди дека САД ќе извршуваат нуклеарни проби

October 31, 2025

Полска пресретна руски разузнавачки авион над Балтичкото Море

October 31, 2025

ДИК: Да се почитува изборниот молк и сите законски процедури, граѓаните да можат слободно да го остварат правото на глас

October 31, 2025
Фотомонтажа: Д. Мишев. ЦИВИЛ Меида. Фото извор: ОЦЦПР

Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

October 31, 2025
Фото архива на ЦИВИЛ (Б. Јордановска)

Гласање во вториот круг на Локални избори 2025 – што треба да знаат граѓаните

October 31, 2025
Gaza under attack, September 2025
Source> IMEMC

Газа ризикува да се лизне во смртоносна неизвесност на „нема војна, нема мир“

October 31, 2025

Бруталната граѓанска војна во Судан – што се случи во Ел Фашер?

October 31, 2025

Едно ливче – еден глас: Како се гарантира фер изборен процес

October 31, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНТИКОРУПЦИЈА

Димитровска: Тече рокот за доставување на бараната документација до ДКСК за патувањето на синот на Мицкоски во Вашингтон

July 18, 2024 09:09
in АНТИКОРУПЦИЈА, ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателката на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) Татјана Димитровски изјави дека по допрен глас оформиле предмет во однос на патувањето на синот на премиерот Христијан Мицкоски во Вашингтон на Самитот на НАТО и испратиле допис до Генералниот секретаријат на Владата со барање да им биде доставена целокупната документација.

– ДКСК има надлежност да проверува како се трошат парите од буџетот на државата, односно од даночните обврзници. Оформивме предмет по допрен глас, односно по информации добиени од медиумите во врска со сомневања дека премиерот заедно со член на неговото семејство бил на патувањето кое беше организирано во однос на Самитот во Вашингтон, а е на товар на буџетот на државата. Станува збор за предмет што е во надлежност на постапување на ДКСК, веднаш оформивме предмет, доставивме барање согласно нашите надлежности до Генералниот секретаријат на Владата за да потврдиме дали сите трошоци поврзани со ова патување се платени од буџетот на државата и во која улога, односно функција е присутен членот на семејството, поточно синот, бидејќи  една од нашите надлежности е да утврдиме судир на интереси, рече Димитровска во интервју за ТВ 24.

Таа наведе дека тече рокот на обезбедување на податоците односно Генералниот секретаријат има рок од 15 дена да ја достави целкупната барана документација, во спротивно, посочи, доколку не се достават податоците во законски утврдениот рок, ДКСК има надлежност, да покрене прекршочна постапка.

Димитровска потенцира дека засега немаат политички притисок ниту од која било политичка партија од позиција или од опозиција, и нема да дозволат притисок од која било структура на моќ – политичка, бизнис, медиуми, јавност и дека ќе си го сочуваат интегритетот и ќе работат независно.

Во однос на тоа каква документација е побарана, таа кажа дека е побарана поканата за настанот која ја има добиено МНР, и целокупната финансиска и останатата документција во врска со сите трошоци кои се направени за потребите на овој настан.

-Нашиот пристап е и прецизно да потенцираме кои документи се потребни. Ова не го кажувам за да се правдаме или дискутираме дали ДКСК правилно постапила во барањето и дали остава сомнеж дека нешто сакаме и ние како Комисија да обезбедиме или не, но секогаш постои можност и во текот на испитување на документацијата да се обезбедат дополнителни документи, рече Димитровска.

Прашана дали премиерот може да биде придружуван од синот на вакви патувања, таа посочи дека етичкиот кодекс на сите избрани и именувани лица, што го има донесено Владата, уредува дека на вакви настани организирани од меѓународни институции или на покани е дозволено премиерот да има придружба од партнер, партнерка, односно од брачен другар.

Димитровска вели дека не гледа пречка премиерот Мицкоски да ги покаже јавно сметките за патувањето на синот, со оглед на неговите тврдења дека тоа не било на товар на буџетот на државата, односно било покриено од свои приватни извори на финансирање.

ДКСК барањето до Генералниот секретаријат на Владата го доставила на 15 јули, а на 30 јули истекува рокот до кога до Комисијата треба да биде доставена целокупната документација за овој предмет. Согласно законската процедура, доколку не им биде доставена документацијата во тој случај ќе достават информација и до МВР, Финансовата полиција и ЈО. / МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ