На крајот на ноември, Украина и светот ќе се потсетат на една мрачна епизода од историјата на човештвото – Гладоморот во Украина, што го спроведе Советскиот Сојуз 1932-1933 година. По тој повод, ЦИВИЛ Медиа направи тематско интервју со Амбасадорката на Украина, Лариса Дир.
Неизбежна беше и паралелата со актуелната политика на Кремљ против Украина кој води брутална војна против цивилите и изврши илјадници воени злосторства по почетокот на агресијата од големи размери на 24 февруари оваа година.
-Гладоморот е геноцид на украинскиот народ, кој беше предизвикан од намерно организираните дејствија на комунистичкото раководство за создавање на вештачки глад во Украина во 1932-1933 година, како резултат на кој загинаа милиони луѓе, вели амбасадорката Дир.
-На сталинистичкиот режим му беше потребно конечно да „да се вкорени“ на украинско тло.
-Покорувањето со глад е сигурен инструмент за терор и убиство. Искоренување на општествените основи на независноста, украинската државна мисла и ограничување на кое било изразување на волја за слободата на развој на украинската нација – беа главните цели на тоталитарниот режим.
-За да разберете дека Гладоморот од 1932-1933 година во Украина беше една од компонентите на советската крвава машинерија, доволно е да го прочитате говорот од 1953 год. (подоцна статија) на светски познатиот адвокат Рафаел Лемкин насловен „Советскиот геноцид во Украина“, кој е еден од првите експерти во областа на меѓународното право. Тој своевремено направи анализа на злосторствата на сталинистичкиот режим врз Украинците и ги наведе главните „чекори“ на систематското уништување на украинската нација, вели во интервјуто за ЦИВИЛ Медиа, Амбасадорката на Украина, Лариса Дир.
Целото интервју проследете го на следниов линк