• Latest

Директорот Филипчев: Децата сфатија дека згрешиле

October 3, 2018
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Директорот Филипчев: Децата сфатија дека згрешиле

October 3, 2018 06:53
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Настанот кој се случил во петокот а за кој вчера известија речиси сите медиуми ја потресе јавноста и повторно ги отвори прашањата околу тоа што се случува во училиштата и како да се стави крај на насилството помеѓу соучениците.

Во полициската станица Аеродром Е.Ц. (50) вчера пријавил дека на 28 септември во училиште во Аеродром се случило насилство. Пријавено било дека во периодот од 10:30 до 11:00 часот во основно училиште во населбата Аеродром, за време на малиот одмор, четири малолетници-ученици во училиштето фатиле за нозе и раце нивна 14-годишна соученичка, го отвориле прозорецот од училницата што се наоѓа на приземје и ја фрлиле на земја. Девојчето се здобило со телесни повреди.

Директорот Филипчев во изјава за медиумите вели дека станува збор за непромислена игра, која децата, инаку одлични ученици со примерно поведение, ја практикувале околу две недели наназад, без знаење на наставниците, за време на одморите. Тие на шега скокале од прозорецот, а според него, настанот прв во полиција го пријавил друг родител, татко на друго девојче кое учествувало во ,,играта” уште во петокот, а не на ученичката за која се пишуваше дека е повредена. Нејзиниот татко пријавил во полиција денес.

Според него тие за играта дознале во петокот и веднаш реагирале. „Ги повикавме сите деца и нивните родители на состанок, а денес одржавме и совет, при што на учениците учесници во скокањето од прозор, односно на четири деца, им е намалено поведението. Сите останати од одделението кои биле сведоци на настанот, па дури и снимале со мобилните, добија усна опомена“, тврди Филипчев

„Децата беа видно вознемирени и сфатија дека згрешиле. Потенцирам дека се работи за одлични ученици, кои никогаш ниту биле насилни, ниту пак правеле било какви проблеми. Поради нивната непромисленост во случајов, тие не заслужуваат да бидат жигосани како силеџии кои фрлаат соученички низ прозор. Ова е голема траума за сите нив, и барам разбирање од јавноста. Сите се извинија, ветија дека нема да се повтори ништо слично, а доколку не направат никаква грешка, до крајот на учебната година ќе им бидат отповикани казните. Навистина, сите се истрауматизирани. Инаку, тие се дружат, се надевам дека по ова, нема да се прекине и нивното другарство“ вели директорот во изјава за Фокус.

Додава дека уште во петокот во училиштето дошла полиција и инспектори кои се детално запознати со случајот.

„Надлежните органи ги знаат сите детали. Некои од учениците дури и снимале додека траела нивната игра со скокање од прозорецот, и на снимките јасно се гледа дека нема тука тепачка или насилство, сите деца се смеат, несвесни за последиците од нивните постапки. Снимките не би објавил во јавност, со цел да се заштитат децата, но надлежните органи слободно можат да видат за што станува збор. Мислам дека ова е добра лекција за сите ученици, дека некогаш може играта да тргне по лошо, и непотребно да настане ваква немила ситуација. Уште еднаш апелирам до јавноста да не суди пред време, туку да покаже разбирање за настанот, бидејќи сепак, станува збор за 14 годишни деца, кои длабоко се покааја за слученото“, изјави Филипчев.

К. С.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ