• Latest

Директорот на БЈБ, Сашо Тасевски ја отвори обуката на тема „Јавна и приватна безбедност“

April 11, 2023
Скриншот од видео на UNITED 24

По 39 години од нуклеарната катастрофа, нова трагедија предизвикана од Кремљ: Вдовицата на првата жртва од Чернобил  убиена во рускиот напад врз Кијив 

November 17, 2025
Фото: Фејсбук Јетмир Асани

Ноќна забрана за фрлање ѓубре: Скопје воведува казни од 50 до 1.800 евра

November 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

САД го означуваат венецуелскиот картел како странска терористичка организација

November 17, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп ги охрабрува републиканците да гласаат за објавување на досиејата на Епштајн, означувајќи силен пресврт

November 17, 2025
Фото: Глобус

Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

November 16, 2025

Трајниот геноцид на кремљовскиот режим

November 16, 2025
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Повикување во живот

November 16, 2025
Фото: Wikimedia commons

Велика Британија испраќа војници во Босна: Јасна мисија и силен сигнал до Балканот

November 16, 2025
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА

Директорот на БЈБ, Сашо Тасевски ја отвори обуката на тема „Јавна и приватна безбедност“

April 11, 2023 13:20
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

„Јавната безбедност претставува дел од севкупната безбедност, односно оној најконкретен облик на безбедноста насочен кон заедницата и кон нејзините граѓани. Сегмент што во целост е нормативно регулиран со низа законски акти – Закон за полиција, Закон за прекршоци против јавниот ред и мир, Закон за приватно обезбедување и други, но и од подзаконските акти, кои произлегуваат од нив, чие што спроведување во најголема мерка е примарна задача на полицијата“, ова меѓу другото, го истакна директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, м-р Сашо Тасевски во своето денешно поздравно обраќање во Центарот за обука на МВР во Идризово, а по повод почетокот на дводневната обука наменета за полициски службеници и припадници од приватните агенции за обезбедување, на тема „Јавна и приватна безбедност“.

Нагласувајќи ја важноста на обуката во натамошно продлабочување на соработката меѓу полицијата и приватните агенции за обезбедување, заради развој и градење поквалитетни и поефикасни начини за спроведување на законите во областа на јавната и на приватната безбедност, директорот Тасевски потенцираше дека всушност јавната и приватната безбедност се упатени една кон друга, како два посебни сегмента на безбедност, кои што сепак, имаат заеднички интереси.

„Од аспект на Министерството за внатрешни работи, свесни сме дека остварувањето на соработката меѓу приватното обезбедување и јавната безбедност е сложен и комплексен процес, кој најдобро може да ефектуира кога постои формализиран начин на комуникација на засегнатите страни, преку континуирана размена на информации и идеи. Оваа обука во таа насока претставува одлична можност за нотирање на неколку клучни аспекти: почнувајќи од координацијата и соработката помеѓу полицијата и приватната безбедност кои што се однесуваат на зголемување на бројот и опсегот на партнерски активности, преку зголемената динамика на размената на информации, па сѐ до подобро искористување на ресурсите и институционализација на партнерствата“, истакна директорот Тасевски.

Според Суза Трајковска, помошник директор и модератор на настанот, со овој вид заедничка обука ќе се воспостави подобра комуникација помеѓу вработените од полицијата и од агенциите за приватно обезбедување која ќе придонесе за многу позитивни придобивки и за полицијата и, генерално, за Комората за приватно обезбедување.

Од своја страна, пак, претседателката на Комората за приватно обезбедување, Верица Милеска-Стефановска, изразувајќи посебна благодараност за поддршката која како приватен сектор ја добиваат од МВР, ја истакна клучната улога на

Министерството во процесот на организирање во дејноста на приватно обезбедување, но и во контролата на работењето на овој приватен безбедносен сектор.

„Ќе ми дозволите да изразам почит кон поддршката што ја добиваме од нив и во делот на потребите да се работи во континуитет и да се овозможи вршителите на дејност приватно обезбедување во Македонија да бидат дел од ваква обука, да ги надградат своите знаења водени од врвни експерти во областа и истовремено да разменат искуства и практики со непосредно вклучените во процесите на вршење на работи од областа на безбедноста. Во контекст на јасно поставените обрски и одговорности наспроти објективната и реална состојба, во оваа прилика најпрво го нагласувам значењето и потребата од заедничката соработка на сите инволвирани чинители во безбедносните процеси, ако сакаме крајно да се пофалиме со високо професионална безбедност и сигурност“, потенцираше Милеска-Стефановска.

Tags: безбедностБЈБМВРобука
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Eве зошто ВМРО-ДПМНЕ не сака да влеземе во ЕУ 

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ