• Latest

Директорот на Царина, Николовски смета дека не е баук уште еден дополнителен заменик директор и 11 помошници директори

October 14, 2024

24 ЧАСА: Родителите на жртвите од Кочани бараат објаснување од ОЈО; Тошковски тврди дека е намалена е стапката на криминал; Војната меѓу Израел и Иран – можност за Русија да продолжи со агресијата против Украина

June 16, 2025
Фото: Фејсбук

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Дали верувате дека стапката на криминалот е намалена?

June 16, 2025
Протест пред Уставниот суд на Србија, Белград, 11 јули 2024 (фото извор: скриншот од видео снимка на Алџезира Балкан)

Студентите ќе поднесат кривична пријава против Вучиќ

June 16, 2025

По 618 дена војна во Палестина, пратеникот Реџепи од Европскиот фронт поднесе Предлог-резолуција за хуманитарната криза во Појасот Газа до Собранието

June 16, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Трамп, Нетанјаху и Хамнеи – тројцата лути старци кои би можеле да нè убијат сите

June 16, 2025
Фото: ЦИВИЛ Медиа

Над 3.200 невработени лица се пријавиле за мерката самовработување

June 16, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Војната помеѓу Израел и Иран може да ѝ даде економски поттик на Русија за да ја продолжи агресијата врз Украина

June 16, 2025

РЦСОО „Ванчо Питошески“ – Охрид доби целосно реновиран и модерен објект со поддршка од Европската Унија

June 16, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Тирана домаќин на ПСЈИЕ; Косово без нов парламент и по 32 обиди; Судот во Хаг повторно му го продолжи притворот на Тачи

June 16, 2025

БДС поднесе жалба на отфрлената кривична пријава во ОЈО против Стоилковиќ за изјавата дека геноцидот во Сребреница е „некрофилски дизниленд“

June 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Директорот на Царина, Николовски смета дека не е баук уште еден дополнителен заменик директор и 11 помошници директори

October 14, 2024 14:36
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Ако му кажеме на народот дека имаме 11 помошници директори, тоа за него ќе биде баук, ќе вика: „чекајте бе луѓе, 11 помошници директори“. Но, тоа се луѓе кои работат, кои држат сектори – за контрола и истраги, за финансии, за админисративно-технички работи, за информатичко усогласување на процедурите,… Секоја позиција кај нас е многу добро систематизирана со обврски и задачи. Ако погледнете, сосема ќе се согласите и веќе нема да поставувате вакви прашања, рече денеска директорот на Царинската управа Бобан Николовски во врска со именувањето уште еден дополнителен заменик директор.

Одговорајќи на новинарски прашања по презентацијата на сработеното во првите 100 дена, Николовски рече дека „Отворен Балкан“ функционира, но со потешкотии. Иако фактички поплаки нема, транспортерите и стопанствениците се во право дека системот мора да се подобри, напомена Николовски и најави средби со претставници од сите земји на „Отворен Балкан“ за да се направат технички манипулации кои би ги убрзале постапките.

-Фактички поплаки дека „Отворен Балкан“ не функционира немаме. Системот функционира, меѓутоа, да, со потешкотии. Планираме средби со сите земји од проектот во најбрз можен рок. Овие 100 дена ги потрошивме не залудно, ги гледавте резултатите, меѓутоа работевме на стегнување на капацитетите на Царинската управа и на покачување на сите резултати кои Царинската управа е должна да ги даде кон државата, а тоа се откривачките функции, контролата и финансиските контроли. Тоа е поентата. Во наредниот период ќе се отвориме многу повеќе кон контакти со земјите што се околу нас, со царинските служби околу нас и ќе почнеме да ги решаваме и тие проблеми, истакна Николовски.

Според директорот, Царината ќе биде „ударна игла“ во борбата против корупцијата и криминалот. За работата на претходното раководство, Николовски не потврди дали се идентификувани неправилности.

-Царинската управа ќе биде ударна игла во борба против корупцијата и криминалот и за тоа можам уште сега да ви кажам да немате никакво сомневање. Апсолутно ќе бидеме ударна игла. Втора работа што сакам да потенцирам пред граѓаните на Република Македонија е дека треба да имаат само малку трпение. Трета работа дека преку ноќ не бидува ништо. Четврта работа дека за сето она што сме го детектирале работиме и толку можам да ви кажам, а за сето она што ќе го детектираме сметајте дека ќе бидат спроведени постапки согласно со нашите законски овластувања. За се она што сме го детектирале, работиме и толку можеме да ви пренесеме затоа што такви се процедурите и наши и во другите државни институции, да не можеме да отвориме се предвреме, рече Николовски.

Во однос на именувањето уште еден дополнителен заменик директор, одговори дека секој царински службеник има своја задача во Управата.

-И секој помошник директор и секој советник има своја задача, така што и секој заменик директор ќе има своја задача во Царинската управа. Да не сме сметале дека нема потреба, не би дошло до овој процес. Но, верувајте дека и вториот заменик директор ќе биде максимално искористен со своите должности што ќе му ги дадам како директор. Секое ново вработување во која било институција треба да е вистинско, вистински човек со мерит систем на вистинско место. Ако тој има придонес во институцијата нема потреба да го драматизираме или да го проблематизираме самото место, а вие ќе се уверите, ви ветувам дека и тој заменик-директор и секој нововработен ќе биде соодветно примен во Царинската управа и ќе ги завршува своите работни задачи онака како што треба, подвлече Николовски.

фото/видео: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Принтскрин од емисијата „Бизнис 21“ на ТВ21

    Славески: Мизерно е да ме прашувате за мојата плата од 3.000 евра, никој не ме прашува за гладувањето во САД додека студирав

    500 shares
    Share 200 Tweet 125
  • Вучиќ не ја потпишал декларацијата од самитот во Украина за да не ја „предаде Русија“, понуди помош за реконструкција што предизвика потсмев во Србија

    223 shares
    Share 89 Tweet 56
  • УНХЦР: Во светот има 122 милиони насилно раселени лица

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Османи до Мицкоски: Можеш да вреѓаш, да се закануваш, да фрлаш клетви и анатеми, да колнеш, но, ние Албанците не сме гости во оваа земја туку домаќини

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Предлогот од ЛДП за воведување една изборна единица на 53. седница на Собрание

    98 shares
    Share 39 Tweet 25

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ