• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Тирана домаќин на ПСЈИЕ; Косово без нов парламент и по 32 обиди; Судот во Хаг повторно му го продолжи притворот на Тачи

June 16, 2025
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026

Мицкоски има потреба од внимание и нежност, поддршка

June 30, 2026

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Тирана домаќин на ПСЈИЕ; Косово без нов парламент и по 32 обиди; Судот во Хаг повторно му го продолжи притворот на Тачи

June 16, 2025 14:21
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Тирана денес е домаќин Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (SEECP), со што се заокружува успешната година од албанското претседателство. Настанот започнува со воведен говор на министерот Игли Хасани и продолжува со дискусии за зголемување на конкурентноста и европската интеграција на регионот, пишуваат албанските медиуми.

Пратениците не успеваат да го конституираат новиот состав на косовското Собрание четири месеци по парламентарните избори на 9 февруари, оставајќи ја земјата без нови институции, пишуваат косовските медиуми.

Во продолжение се поместени содржините од денешниот редакциски избор на ЦивилМедиа, од албанските медиуми во регионот.

АЛБАНИЈА

Коха њуз: Тирана денеска домаќин на самитот на ПСЈИЕ – Албанија го предава претседателството на Бугарија

Тирана денес, 16 јуни 2025 година, го пречекува Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (SEECP), со што се заокружува успешната година од албанското претседателство. Настанот започнува со воведен говор на министерот Игли Хасани и продолжува со дискусии за зголемување на конкурентноста и европската интеграција на регионот. Пленарната сесија ќе ја отвори претседателот Бајрам Бегај, кој на крајот ќе му го предаде претседателството на својот бугарски колега, претседателот Радев, пренесе Коха њуз.

На самитот присуствуваат лидери и делегации од 13 земји од Југоисточна Европа, од кои се очекува да одржат и билатерални средби за продлабочување на регионалната соработка. Настанот се одржува под мотото „Обликување на нашата европска иднина“, што ја одразува посветеноста на земјите учеснички кон мир, стабилност и интеграција во ЕУ.

Панорама: Барањата за азил од Албанците во ЕУ се намалија за 29%

Барањата за азил од албански државјани во земјите на Европската Унија продолжија и во првите месеци од оваа година, иако со многу пониска стапка во споредба со претходните години, пренесе Панорама.

Евростат објави дека во периодот јануари-март, вкупно 1.445 барања за азил биле регистрирани од страна на албански државјани во ЕУ, што е намалување од 30% во споредба со истиот период претходната година. Ова е најмал број барања за азил од истиот период во 2021 година, кога имаше ограничувања за движење поради пандемијата.

КОСОВО

Визион плус: Косово без нов парламент и по 32 обиди

Пратениците продолжуваат да не успеваат да го конституираат новиот состав на косовското Собрание четири месеци по парламентарните избори на 9 февруари, оставајќи ја земјата без нови институции.

Тие се состанаа во недела, по 32-ри пат по ред секој втор ден од 15 април, и нагло си заминаа без да најдат решение за прекин на политичкиот ќорсокак. Тие ќе се сретнат повторно за 48 часа, во вторник, на 17 јуни, пишува Визион плус.

Газета експрес: Судот во Хаг повторно му го продолжи притворот на Тачи

Специјализираните совети на Косово (KSCC) во Хаг одлучија да го продолжат притворот на Хашим Тачи за уште два месеци во случајот каде што, заедно со Кадри Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи, е обвинет за воени злосторства, пренесе Газета експрес.

Одлуката ја донесе претседателот на судот, Чарлс Смит III, на 11 јуни 2025 година.

Обвинителството тврдеше дека Тачи продолжува да претставува ризик од бегство бидејќи е свесен за сериозните обвиненија потврдени против него. Тие исто така го поткрепуваат овој аргумент со фактот дека случајот на Обвинителството е завршен и Тачи сега има целосно познавање на доказите против него.

РСЕ: Одржано првото рочиште за масакрот во Меја

Основниот суд во Приштина одржа првично рочиште против 53 обвинети во масакрот во Меја.

Судењето во овој случај се одржува во отсуство, а обвинетите се застапувани од нивните адвокати за време на судските рочишта, пренесе РСЕ.

Адвокатите на обвинетите имаат 30 дена да поднесат жалба на тврдењата на обвинителството.

Масакрот во Меја се случи во април 1999 година, кога беа убиени 370 косовски Албанци. Нивните тела подоцна беа пронајдени во осум масовни гробници во Батајница, Србија.

КОЛУМНА

Коха: „Покана за претпазлив оптимизам“

„Целта на оваа колумна не беше да се биде песимист во врска со евентуалното членство на Црна Гора и Албанија во ЕУ до 2030 година. Всушност, сосема спротивно, треба да бидеме оптимисти и да направиме сè што е во наша моќ за да го оствариме ова.

Потоа, за работите што не се под наша контрола, можеме само да се надеваме на најдоброто. Во овој поглед, можеби она што го советувам е да се биде претпазлив оптимист. Со други зборови, да се имаат најреални очекувања од ЕУ. И во овој поглед, корисно е да се потсетиме на вредна лекција од процесот на интеграција: ветувањата и очекувањата држете ги што е можно помали, а обврските и достигнувањата што е можно поголеми. Ова е најдоброто што можеме да го направиме.“, пишува Авторот Демуш Шаша во колумната „Покана за претпазлив оптимизам“, објавена во косовскиот дневник Коха.

Подготви: Д. Тахири

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ