• Latest

БДС поднесе жалба на отфрлената кривична пријава во ОЈО против Стоилковиќ за изјавата дека геноцидот во Сребреница е „некрофилски дизниленд“

June 16, 2025
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

БДС поднесе жалба на отфрлената кривична пријава во ОЈО против Стоилковиќ за изјавата дека геноцидот во Сребреница е „некрофилски дизниленд“

June 16, 2025 13:46
in ВЕСТИ, ПРАВДА, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Бошњачкиот демократски сојуз поднесе жалба во Основното јавно обвинителство по отфрлената кривична пријава против вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ, во врска со неговата изјава дека геноцидот во Сребреница е „некрофилски дизниленд“.

Како што посочи денеска директорот на БДС, Фарук Хасиќ, по 14 месеци Обвинителството ја отфрлило кривичната пријава поднесена од страна на БДС и Бошњачкиот национален совет, а делото било преквалификувано во „Ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на информатички систем“, со образложение дека тоа не се гони по службена должност. Според Хасиќ, изјавата на Стоилковиќ дека геноцидот во Сребреница е „некрофилски дизниленд“ не е политичко мислење, туку нечовечна и криминална навреда кон жртвите и нивните семејства.

– Стоилковиќ во контекст на донесувањето на резолуцијата за Сребреница во Обединетите нации јавно изјави дека геноцидот во Сребреница е „некрофилски дизниленд“. Тоа не е политичко мислење, тоа е болна нечовечна и криминална навреда кон жртвите и нивните семејства. Што направи Јавното обвинителство, 14 месеци молк, ниту еден одговор, ниту еден знак дека оваа пријава е разгледана сериозно и по тие 14 месеци, пријавата не само што беше отфрлена, туку делото беше непринципиелно преквалификано во „Ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на информатички систем“, со образложение дека тоа не се гони по службена должност. Срамно и понижувачки за правниот поредок на нашата држава, рече Хасиќ.

Според него, во обид да се оправда Стоилковиќ пред граѓаните, минатата година пречекал делегација од 11 наставници Бошњаци вработени во образовните институции и изјавил дека во неговата партија членувале и Бошњаци. Хасиќ го повика министерот со име и презиме јавно да ги наведе членовите на партијата.

– Стоилковиќ во обид да се спаси се правда дека станува збор за политички напад и дека по повод на Денот на Бошњаците минатата година пречекал делегација од 11 наставници Бошњаци кои се вработени во образовните институции на нашата држава. Дали треба да му аплаудираме за тоа што дошол на работа и ги извршил службените обврски? Напротив, тој ја злоупотребил нивната присутност за евтина политичка пропаганда. Понатаму, изјавува дека во неговата партија има Бошњаци. Го повикуваме јавно – со име и презиме да ги наведе тие луѓе. Ако навистина постојат. Ако не – нека престане да манипулира со идентитетите на цели заедници, рече Хасиќ.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ