• Latest

Дискриминираните демотивирани да поведат судска постапка

May 10, 2018
Фото: Скриншот од Инстаграм

НЕ Е КРЕИРАНО СО ВИ: Трамп тврди дека го решил конфликтот меѓу Азербејџан и Албанија

September 15, 2025
фото: ВИ

24 ЧАСА: ЦИВИЛ алармира – демократијата под удар; Русија гледа ‘српски Мајдан’, Украина враќа со кибер напад

September 15, 2025
Фото: Фејсбук Панче Тошковски

Тошковски: На Вардариште живеат над 200 луѓе кои треба да се дислоцираат, за трајно решавање на проблемот со депонијата потребен е системски пристап

September 15, 2025
Protesti Novi Sad, interventna edinica
Foto: Screenshot X Radio 021

Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

September 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на China Xinhua News/ Фејсбук

Военото разузнавање на Украинска во „кибер одмазда“ ги наруши руските изборни системи, особено во окупираните украински региони

September 15, 2025

Пукано во младо момче во Скопје – Тошкоски: Нелегалното оружје и дрогата немаат иднина во Македонија

September 15, 2025
RussianEmbassy/ London-Uk
Source-Wikipedia

Велика Британија го повика рускиот амбасадор поради нарушување на воздушниот простор на НАТО

September 15, 2025
Воени вежби во Белорусија непосредно пред руската инвазија на Украина - многу семејства мислеа дека тоа е се што ќе прави нивниот син или партнер/ GETTY IMAGES

Американски воени офицери во ненадејна посета на Белорусија за да набљудуваат воени вежби со Русија

September 15, 2025

Народна банка: Учеството за станбен кредит за граѓаните кои првпат ќе купат стан ќе биде 10 проценти

September 15, 2025

ЦИВИЛ: Време е за одговорност – демократијата е во опасност!

September 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Дискриминираните демотивирани да поведат судска постапка

May 10, 2018 09:59
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Судската заштита сè уште не е ефикасен механизам за заштита од дискриминација, бидејќи постапките за овие предмети траат долго, па голем дел од жртвите на дискриминација се демотивирани да поведат судска постапка. Ова е посочено во Извештајот за обезбедена правна помош на социјално ранливите и маргинализирани групи на лица во рамки на проектот „Поддршка од граѓанско општество кон политиките за социјална кохезија и различностите“ спроведен од  Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Извршната директорка на Хелсиншкиот комитет Уранија Пировска на презентацијата на извештајот истакна дека треба да им се дадеме глас на невидливите во нашето општество, маргинализираните и социјално исклучените групи и заедници.

извештај хелсиншки комитет

Од друга страна, како што посочи,  ранливите и маргинализирани групи кои се најподложни на дискриминација, често се наоѓаат во социјален ризик и не можат да си ги дозволат судските и адвокатските трошоци на постапките за заштита од дискриминација, па имаат ограничен пристап до правда кога се судските постапки во прашање.

извештај хелсиншки комитет

– Најголеми жртви на дискриминација се Ромите, лицата со физичка и интелектуална попреченост, жените од малцинските етнички заедници, жените од руралните средини и луѓето од ЛГБТ, вели Пировска и додава дека се бележи тренд на зголемување на бројот на претставки, што значи е подигната свеста на ранливите групи за нивните права и за тоа каде може да се обратат за да ја добијат потребната заштита.

Македонскиот Хелсиншки комитетот од август 2016 до јануари 2018 година документирал 64 барања за бесплатна правна помош во случаи на дискриминација и прекршување на права на таргетираните ранливи групи. Најголем број од случаите дури 57 се однесуваат на барања за правна помош за заштита од дискриминација, а во седум од случаите граѓаните побарале заштита за прекршување на право.

– Во 47 од документираните случаи граѓаните сметаат дека биле дискриминирани врз една дискриминаторска основа, додека во осум случаи беше констатирано дека станува збор за дискриминација врз повеќе основи, најчесто тоа се пол и род (14 случаи), пол, род и возраст, пол, род, верско убедување и сл. Тринаесет случаи се однесуваат на дискриминација врз основа на физичка и интелектуална попреченост. Има зголемен тренд и на пријавување на случаи на дискриминација врз основа на религија и верско убедување, чиј број изнесува девет, покажува нивното искуство, се наведува во извештајот.

Координаторка на проектот Неда Чаловска Димовска истакна дека пристапот до правда, особено во случаи на дискримианција е скоро невозможен за ранливите групи во нашето општество кои често се наоѓаат и во социјален ризик.

– Поради ова, сакаме да им дадеме поддршка на граѓаните кои од различни причини се оневозможени да ги остварат или заштитат своите права. Правната поддршка особено ќе се фокусира на случаите во кои ќе се забележи дека постои системска дискриминација кон одредена ранлива група, вели таа.

Посочи дека се евидентирани по еден до два случаи годишно на лица со попреченост кои се обратиле до Комисијата за заштита од дискриминација и Народниот правобранител.

извештај хелсиншки комитет

– За година и пол добивме повеќе од 20 претставки за дискриминација или прекршување на права кои се однесуваат на системски проблеми со кои се соочуваат лицата со попреченост. Главната пречка за тие да побараат помош или поддршка од институциите е физичката непристапност. Дел од нашите препораки се да се обезбеди физичка пристапност за да можат да ги уживаат сопствените права и да бараат заштита од органите, изјави Чаловска Димовска.

Во извештајот е наведено дека области во кои е забележано најмногу дискриминација се работните односи, образованието, здравствената заштита и пристапот до добра и услуги.

– Ние бараме законите за спречување и заштита од дискриминација и за бесплатна правна помош да овозможи олеснување на трошоците односно граѓаните да можат да поведат судска постапка без да плаќаат судски трошоци, рече Чаловска Димовска.

Информира дека има претставки од Роми ученици во кои е наведено дека во средните училиша има класови кои се само ромски, македонски и албански што, како што додаде дека е сериозен проблем и треба да се донесе соодветна програма за да се реши.

Од Хелсиншки комитет предлагаат сегрегацијата да биде ставена и како посебен облик на дискриминација во измените на Законот за спречување и заштита од дискриминација.

Во извештајниот период правниот тим на Хелсиншкиот комитет поведе пет постапки пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур, во кои како подносители се јавуваат лица со попреченост или, пак, лица од ромската етничка заедница, или нивните семејства. Сите постапки сè уште се во тек.

извештај хелсиншки комитет

Правниот тим на Хелсиншки комитет воспостави тренд на директна комуникација со лицата и со институциите кои се јавуваат како потенцијални дискриминатори во документираните случаи, писмено обраќајќи им се, барајќи да ја отстранат пријавената дискриминација.

Сите судски постапки кои се иницираат за заштита од дискриминација, како што е наведено во извештајот, се поддржани од здруженија на граѓани кои работат во оваа област.

Даниела Маркоска Алексовска

Извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Tags: дискриминацијаизвештај
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    156 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    141 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Хаотично заебавање

    125 shares
    Share 50 Tweet 31
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    106 shares
    Share 42 Tweet 27
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ